Да не бидам разбран погрешно, криминал и грев е тоа што го прават извршителите, а богами и останатите институции кои ги доставуваат барањата за извршувње како судови, нотари оти најголем проблем е тоа што не ги известуваат должниците навремено или воопшто не се трудат на точна адреса да дојде писмото, но од друга страна, во самиот налог си пишува дека трошоци по извршна исправа не само главниот долг од 1 еднар туку има едни 4000 и нешто како камати.
Како дошло до тие камати, дали должникот знаел дека должи некакви камати и зошто, тоа не го знаеме, не го оправдувам ова што се прави во секој случај, пред се мислам дека како основен главен долг од 1 денар не е можно да постои, не знам во која варијанта, на сметка, од пресуда, каде стои тој 1 денар.