канада, исланд, шведска, финска, норвешка се земји што ми се на листата и сите имаат позитивни и негативни страни. Знам за природата што ја нуди тасманија (к**ац знам, само сум читал за тоа, ама пак австралија е малку топол континент за мене), не дека не би идел таму секако дека попрво би живеел таму него во мкд ама во моментов не сум толку расположен за толку голема преселба.
Пристојно зборувам Шведски дел од моите студии го поминав таму па не ми е проблем да се прилагодам на скандинавските јазици, а и како програмер неможам да се пожалам дека би ми било тешко. На прашањето зашто сум бил будала и сум се вратил одговоорт е едноставен ВИЗА. Е сега од тука малку тешко прифаќаат ако немаш некое WOW CV, а за личност која пред едвај година дена се префрли во девелопмент од друга област на ИТ и не сум којзна колку редок кадар и они имаат луѓе со моите знаења. Затоа чекор по чекор, набрзо се селам во Унгарија која нуди убави услови за мојата професија и за разлика од скандинавија кои бараат повеќе искуство е полесно да добиеш виза, а и работата кај нив се цени повеќе од работа во македонија како искуство.
ПС може и најголем проблем што не се спакував и не отидов да барам работа директно во шведска него пробував преку интернет е тоа што животот таму е доста скап кога одиш со плата од македонија, а уште поскап кога имаш и две кучиња што не би ги оставил овдека за жива глава