Русија - смена во надворешната политика?

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.960
Поени од реакции
57.698
Трол не е, ама е тинејџер од цирка 16-18 години. Простете му на младоста лудоста :D
@silmarillion ти бе со сиот ум со овој најде да се објаснуваш :pos:
И ја мислев дека е детиште, ама сумирајќи му ги сите мислења низ темиве, сеа ми личи на трол од некој екс-член на форумов...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.965
Кој фак ни е Русија, не ни е ни блиску...ни воено соработуваме ни ни е битен трговски партнер. Русија освен што е членка на СБ на ООН е ирелевантна за Македонија. Бразил и Јапонија и Индија се исто битни колку и Русија. Со Кина и Турција неможе да се споредува Русија...а толку многу коментари за неа во темава...жално и трагично за Македонија. Русофилизмот ја уништува Македонија во последните децении да не речам пола век и кусур.
Русофобијата сакаше да кажеш, а не русофилизмот.

Инаку, Русија ни е многу поблиску од Америка, од која не` делат цела централна Европа и западна Европа и цел еден Атлантски Океан.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.755
Поени од реакции
5.027

Јасен бев, Русофилија е штетна за Македонија. А Русија не битен фактор за Македонија. Плус е изолирана, диктаторска, со слаб раст и економија...треба што е можно подалеку од Русија. Нато ни се 3 соседи а Нато е САД...Русија според тоа ни е стратешки непријател, а ирелевантна за Македонија. Русија во пракса е Северна Кореја само со поголема територија за Македонија од стратешки аспект и дипломатски. Така да Русофилијата а не фобијата е катастрофална за Македонија на стратешки план. А за жал ја има...
 
S

silmarillion

Гостин
Ројтерс се про-демократски (Клинтон, Обама и тн...) настроени, исто како и СиЕнЕН и БиБиСИ и 80% од вестите им се лаги. Така да овие информации не се релевантни според мене. Ни од едниот медиум ни од другиот.

Дај ми релевантен медиум како Раша Тудеј. Јас само на тој медиум му верувам. Ова не.
https://www.rt.com/news/422342-germany-poland-diplomats/
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.965
Јасен бев, Русофилија е штетна за Македонија. А Русија не битен фактор за Македонија. Плус е изолирана, диктаторска, со слаб раст и економија...треба што е можно подалеку од Русија. Нато ни се 3 соседи а Нато е САД...Русија според тоа ни е стратешки непријател, а ирелевантна за Македонија. Русија во пракса е Северна Кореја само со поголема територија за Македонија од стратешки аспект и дипломатски. Така да Русофилијата а не фобијата е катастрофална за Македонија на стратешки план. А за жал ја има...
Русофилија во Македонија или нема или ја има во многу мали количини.

Русофобијата од друга страна ја има колку ти душа сака и истата е клучен фактор за да ја третираш Русија како стратешки непријател - само не знам што ти згрешила за да ти биде непријател - и до денешен ден немаме видено никаква корист од истата.

А од НАТО и САД соседите освен помагачи за преговарање на примирје со терористи во 2001 година, нови граници на општините по етнички терк, еве сега и двојазичност и преговори за менување на уставното име на Македонија, немаме видено баш некаква вистинска корист за обичниот македонски граѓанин.
 
Што вика САД и НАТО треба да биде надзаконот и да нема поговор...така највеќе добиваме. САД викаат надовор дипломат надвор...санкции санкции. Нема кичма тука...само јазикот и лижи и надевај се на трошки. Треба да влеземе во добриот тефтер на НАТО и САД како Албанија, Косово, Израел итн.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Кој фак ни е Русија, не ни е ни блиску...ни воено соработуваме ни ни е битен трговски партнер. Русија освен што е членка на СБ на ООН е ирелевантна за Македонија. Бразил и Јапонија и Индија се исто битни колку и Русија. Со Кина и Турција неможе да се споредува Русија...а толку многу коментари за неа во темава...жално и трагично за Македонија. Русофилизмот ја уништува Македонија во последните децении да не речам пола век и кусур.
А Американизмот и Шиптаризмот не ја уништуваат ли Македонија?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.965
Што вика САД и НАТО треба да биде надзаконот и да нема поговор...така највеќе добиваме. САД викаат надовор дипломат надвор...санкции санкции. Нема кичма тука...само јазикот и лижи и надевај се на трошки. Треба да влеземе во добриот тефтер на НАТО и САД како Албанија, Косово, Израел итн.
А ако НАТО и САД се распаднат, тогаш кој тефтер треба да ни биде приоритет ?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.994
Јасен бев, Русофилија е штетна за Македонија. А Русија не битен фактор за Македонија. Плус е изолирана, диктаторска, со слаб раст и економија...треба што е можно подалеку од Русија. Нато ни се 3 соседи а Нато е САД...Русија според тоа ни е стратешки непријател, а ирелевантна за Македонија. Русија во пракса е Северна Кореја само со поголема територија за Македонија од стратешки аспект и дипломатски. Така да Русофилијата а не фобијата е катастрофална за Македонија на стратешки план. А за жал ја има...
Да, затоа економијата на ЕУ цвета. Башка тоа што членството во нато терористичкиот пакт е условно скапо, што значи издвојување на 100тици илјади евра годишно само за таа намена. Ако мислиш дека Европа ќе не рани, а нато ќе не брани (за џабе), тогаш грдно се лажеш. нато го има најголемиот воен буџет на светот, точно, но источно-азиските економии се иднината на светот. Имаат доста ресурси и доста се богати, а Русија цврсто е припоена кон истите.
Башка тоа што евроскептицизмот е во константен раст. И на еутворците им е повеќе од јасно дека ЕУ, без повторна реформација, нема да може да го издржи економскиот притисок на евроскептичните партии кои сакаат и ќе сакаат се поголема економска и политичка слобода во своите матични земји. А санкциите на Русија и на евентуалните од страна на САД се или ќе бидат дополнителен товар за нивната економија. И Руската економија е во пад, тоа е точно, но разликата е во тоа што Русија има повеќе ресурси и моментално нема паразити во нивниот систем кои ќе сакаат да ја растурат Руската Федерација, како што е случајот во ЕУ.
Неусогласеноста во политиките, слабоста на прозападните европски лидери на домашно тло, евроскептицизмот, економскиот пад, лошата администрација, лошите политички чекори, Брегзит, миграциската криза...слабостите на Унијата сами испливуваат на површина. А и да не заборавиме, Путин ќе биде претседател на Русија до 2024 год.
Башка тоа што Русија не ни се заканува со менување на име, Устав, државни симболи, аеродроми, учебници по историја, тргање споменици, па идиотите еднаш стигнаа и до виното...за разлика од ЕУ, само за евенуален влез во таа нивна Унија, каде најмалку 5 држави пристапија газејќи начела на меѓународното право. Јас навистина не знам зошто толку се настојува да се пристапи кон членство, кога повеќе е од очигледно дека тие нас не не сакаат. Па и да се настојува кон тоа членство, не е начин да се избрка руски дипломат, кој после 15 год. престој баш сега го фатиле и обвиниле за шпиунажа! Барем Груевски не воведе санкции кон Русија, по сите критики од светот, кога цела Европа посегна по таа глупава мерка. Крајно сум разочаран од новиве. За ништо не ги бива, иако сите очигледно мислевме и посакувавме дека Никола нема да ни се повтори. Каде е грешката, во нас или во овие кои глумат власт?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.755
Поени од реакции
5.027
А ако НАТО и САД се распаднат, тогаш кој тефтер треба да ни биде приоритет ?
Русија побрзо ќе ја снема од САД...а Македонија најбрзо ако Русија ни е страташки партнер.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Нас Русија, Кина и Турција ни требаат. А не нато и еу. Еу е корумпирана и недемократска унија и воопшто не ни треба како таква. Од нато никаква корист немаме, ако избие некоја војна помеѓу Русија и нато, Македонија да биде бојното поле.

Јенките, нато и еу ни ја уништуваат државата, а тие запнале за нив ко слеп за стап. И после ќе не ебаваат кој како сака. Епа ќе не ебава кога пола нација ни е неписмена.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.965
Русија побрзо ќе ја снема од САД...а Македонија најбрзо ако Русија ни е страташки партнер.
Некако не ти е точна математиката, Русија постои повеќе од 300 години - не земајќи го во предвид Руското Царство пред формирањето на Руската Империја, додека САД во 2026 ќе одбележат 250 години постоење.

Единствен период во историјата на македонскиот народ кога САД се заложиле за нашите национални интереси, бил за време на Версајската мировна конференција во 1919 година, кога претставниците на САД предложиле во идното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците - подоцна кралство Југославија, да им бидат гарантирани граѓанските и националните слободи и права на македонското и босанското малцинство, но за жал не успеале да ја вметнат таквата обврска во Версајскиот мировен договор.

Русија не ни била поканета на мировната конференција од наједноставна причина, бидејќи излегла од Првата Светска Војна со мировниот договор потпишан со Германија во Брест-Литовск во март 1918 - со кој практично признала пораз во војната и им отстапила свои територии на Германците.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.755
Поени од реакции
5.027
Некако не ти е точна математиката, Русија постои повеќе од 300 години - не земајќи го во предвид Руското Царство пред формирањето на Руската Империја, додека САД во 2026 ќе одбележат 250 години постоење.

Единствен период во историјата на македонскиот народ кога САД се заложиле за нашите национални интереси, бил за време на Версајската мировна конференција во 1919 година, кога претставниците на САД предложиле во идното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците - подоцна кралство Југославија, да им бидат гарантирани граѓанските и националните слободи и права на македонското и босанското малцинство, но за жал не успеале да ја вметнат таквата обврска во Версајскиот мировен договор.

Русија не ни била поканета на мировната конференција од наједноставна причина, бидејќи изгубила во Првата Светска Војна.
Не ме интересира историја и нетреба да не интересира во стратешки одлуки. Јас лично имам многу ниско мислење и не ги земам во обзир историските настани. Едноставно не верувам во историја. Русија има стратешки проблем, има голема низина на западната граница и нато членки. На Русија и е страв за Москва. Теоретски Русија може да ја изгуби Москва во трета светска војна. САД најбезбедна земја на светот воено. А економски Русија е слаба...и политички изолирана. САД и НАТО се чудовиште за Русија. И се знае што е воено и економски подобро за МК...САД и НАТО и ЕУ. Русија е во најслаба позиција историски ако ти значи нешто тоа.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495

Мала исправка на твојот пост ... ако има трета светска војна т.е. нуклеарна војна не би постоеле повеќе ниту Русија, ниту Европа, ниту Америка... се би било тоа почва со џиновски кратери !
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.755
Поени од реакции
5.027
Мала исправка на твојот пост ... ако има трета светска војна т.е. нуклеарна војна не би постоеле повеќе ниту Русија, ниту Европа, ниту Америка... се би било тоа почва со џиновски кратери !
Освен да го уништи Светот во пракса никако неможе Русија да влијле сериозно на Македонија...САД и НАТО може кога сакаат да не впишат во листата на бивши земји.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.707
Поени од реакции
11.965
Не ме интересира историја и нетреба да не интересира во стратешки одлуки. Јас лично имам многу ниско мислење и не ги земам во обзир историските настани. Едноставно не верувам во историја. Русија има стратешки проблем, има голема низина на западната граница и нато членки. На Русија и е страв за Москва. Теоретски Русија може да ја изгуби Москва во трета светска војна. САД најбезбедна земја на светот воено. А економски Русија е слаба...и политички изолирана. САД и НАТО се чудовиште за Русија. И се знае што е воено и економски подобро за МК...САД и НАТО и ЕУ. Русија е во најслаба позиција историски ако ти значи нешто тоа.
Е па тоа е твојот проблем - немаш почит кон историјата, а тие кои не си ја знаат историјата се осудени истата да им се повтори.

Да бевме сега во 1941 година, сигурно и ти ќе извикуваше "Хајл Хитлер" и/или "Зиг Хајл" кога кралството Југославија се придружи на силите на Оската, бидејќи Нацистичка Германија е чудовиште за Југославија, силна е`, моќна е`, за помалку од 2 години ја стави цела централна Европа и поголемиот дел од западна Европа под своја контрола.

Една Југославија која и онака е поделена одвнатре на православни христијани, католици и муслимани, не може на никаков начин да и` парира на Нацистичка Германија - освен ако има силни и моќни сојузници, како што се покажа и докажа во наредните 4 години.

Па за 4 години ќе откриеш дека си се кладел на погрешните луѓе.

Но добро, тоа е твојот личен избор, останува да оставиме на времето да помине и да го направи своето и да се надеваме дека ќе научиш од сегашноста ако веќе до толку не сакаш да учиш од историјата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom