Јасен бев, Русофилија е штетна за Македонија. А Русија не битен фактор за Македонија. Плус е изолирана, диктаторска, со слаб раст и економија...треба што е можно подалеку од Русија. Нато ни се 3 соседи а Нато е САД...Русија според тоа ни е стратешки непријател, а ирелевантна за Македонија. Русија во пракса е Северна Кореја само со поголема територија за Македонија од стратешки аспект и дипломатски. Така да Русофилијата а не фобијата е катастрофална за Македонија на стратешки план. А за жал ја има...
Да, затоа економијата на ЕУ цвета. Башка тоа што членството во нато терористичкиот пакт е условно скапо, што значи издвојување на 100тици илјади евра годишно само за таа намена. Ако мислиш дека Европа ќе не рани, а нато ќе не брани (за џабе), тогаш грдно се лажеш. нато го има најголемиот воен буџет на светот, точно, но источно-азиските економии се иднината на светот. Имаат доста ресурси и доста се богати, а Русија цврсто е припоена кон истите.
Башка тоа што евроскептицизмот е во константен раст. И на еутворците им е повеќе од јасно дека ЕУ, без повторна реформација, нема да може да го издржи економскиот притисок на евроскептичните партии кои сакаат и ќе сакаат се поголема економска и политичка слобода во своите матични земји. А санкциите на Русија и на евентуалните од страна на САД се или ќе бидат дополнителен товар за нивната економија. И Руската економија е во пад, тоа е точно, но разликата е во тоа што Русија има повеќе ресурси и моментално нема паразити во нивниот систем кои ќе сакаат да ја растурат Руската Федерација, како што е случајот во ЕУ.
Неусогласеноста во политиките, слабоста на прозападните европски лидери на домашно тло, евроскептицизмот, економскиот пад, лошата администрација, лошите политички чекори, Брегзит, миграциската криза...слабостите на Унијата сами испливуваат на површина. А и да не заборавиме, Путин ќе биде претседател на Русија до 2024 год.
Башка тоа што Русија не ни се заканува со менување на име, Устав, државни симболи, аеродроми, учебници по историја, тргање споменици, па идиотите еднаш стигнаа и до виното...за разлика од ЕУ, само за евенуален влез во таа нивна Унија, каде најмалку 5 држави пристапија газејќи начела на меѓународното право. Јас навистина не знам зошто толку се настојува да се пристапи кон членство, кога повеќе е од очигледно дека тие нас не не сакаат. Па и да се настојува кон тоа членство, не е начин да се избрка руски дипломат, кој после 15 год. престој баш сега го фатиле и обвиниле за шпиунажа! Барем Груевски не воведе санкции кон Русија, по сите критики од светот, кога цела Европа посегна по таа глупава мерка. Крајно сум разочаран од новиве. За ништо не ги бива, иако сите очигледно мислевме и посакувавме дека Никола нема да ни се повтори. Каде е грешката, во нас или во овие кои глумат власт?