Толку беше од надежите за втора лига. Пораз на домашен терен од Големо Коњари, па Партизан избега на 4 бода. Овој резултат кажува многу за идните амбиции на Вардар, чим губат дома од екипа на средина на табелата.
И Бабуна изгубила колово, а Росоман избива на трета позиција. Се надевам дека некако ќе успеат да ја надокнадат негативата во однос на Партизан
Значи, отприлика ако не се сменат работите драстично (како во случајов со Вардар Н, кој снема амбиции преку ноќ), три од шампионите би требало да се познати. Кит-Го е сигурно прв на исток, со најголеми амбиции за втора лига, Детонит Јуниор е прв на југоистокот, а Кораб е прв на југозападот. Овие три екипи се сигурни шампиони на регионите. Со оглед на последните резултати во централниот регион, Партизан би требало со 99% сигурност да заврши прв таму.
Ќе биде доста интересна трката за последните две места. Вардар од Форино и Генчкалемлер водат мртва трка на запад. Турциве се појак тим, ама Вардар се чини дека има повеќе пријателски екипи. Ќе решава меѓусебниот дуел кој ќе се одигра на теренот на Генчкалемлер.
На северот пролетниот дел започнува дури во април. Првата полусезона не даде изразит фаворит, иако ССК и Гоблен веројатно ќе се борат за првата позиција. Засега, Драчевчани бегаат 2 бода пред Гоблен.