Македонски специјални единици (полициски и воени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Темата е за специјални единици, а не за општо арм/мвр така да мешаш некои работи.
Ако имате фрустрации за неспособноста за општо за вооружените сили претпоставувам дека има некој друга тема.
Македонија никогаш не е била богата ниту стабилна држава па да е сменета социо-економската состојба.

Пред 10-15 години се имаше фаќање врски и луѓе кои не ја сакаат работата но со тек на времето неспособните ја напуштаат работата или ги бркаат, а тие што не ја сакаа работата слична судбина имаа или пак преку процесот на индоктринација го менуваат мислењето и начинот на работа.

Пример за младите во БСН што ги примија е што одреден дел ги избркаа од обука во првите 3-4 месеци другите сами ја напуштија обуката, а некои останаа но затоа старешините ги делкаат во луѓе какви што треба да се и за 2 години од работа карактерот им е сменет за 180 степени.

Дополнително едно е приватниот живот друго е професионалниот живот има луѓе што во приватниот живот прават недолични активности но кога ја носат униформата даваат 110% има други личности што пак вон униформа е шегобиец и опуштен лик но кога е на работа озбилен и сериозен и човекот што би кажал дека не се замара сака се да му е под конец и гарант 10 пати на ден во себе ќе го пцуеш.

Припадниците на БСН не делуваат на територија на Република Македонија на езеро Мавровица нуркаа припадници од ЕСЗ исто и на езеро Козјак пред некоја година кога снема еден рибар.
 
Нека им е честит денот на сите припадници во ЕСЗ ТИГАР!

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Нема шанси,лично знам двајца припадници кои цел живот се во есз и се со високи чинови.А жените ги прибраа пред 3-4 години така да нема шанси.
 
Ај нека поставе некој ако има некое видео од РБ. Тешко се наоѓа или има само едно видео. Јас досега имам видено само едно видео од Ренџерите.

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Денес календарски започна пролетта, по што одлучивме ние денес да ја објавуваме последната поема на Игор Костески, Водник во БСН Волци, пред неговата маченичка смрт во масакрот кај Вејце на 28 април 2001 година. Во нотесот кој Игор го носеше со себе за време на војната 2001 година запишувал поеми и песни за Македонија, за љубовта, копнежот, чекањето, но исто така и за смртта и за неговото кобно пречувство.

29388850_930749993756816_8506636119360667648_n.png

КОЈ Е ИГОР КОСТЕСКИ, ЗАГИНАТИОТ ВОЈНИК КАЈ ВЕЈЦЕ

Роден во Драчево, Игор уште од мал е израснат со патриотски дух. Неговата фамилија има семеен револуционерен корен и потекнува од село Слатино, сместено во етногеографската област Дебарца. Во книгата „Масакрот во Вејце од 2001 година“, таткото на Игор, Миливој Костески, наведува дека во секоја буна, војна или востание лозата Костески давала жртви. Така било во Илинденското востание, во Првата балканска војна, во НОБ, така и во војната 2001 година. Војничката кариера на Игор почнува со отслужување на воениот рок во 1995 година. Во касарната „Стив Наумов“ во Битола служеше девет месеци. Во 1998 година станува припадник со чин „Водник“ во БСН Волци.

Игор беше активен член на падобранскиот клуб „Јуриј Гагарин“ во Скопје каде направи 186 падобрански скокови. Не му се исполни желбата да формира падобрански вод во специјалната единица Волци. Во слободно време Игор се обидуваше да се релаксира со цртање и сликарството. Игор беше голем верник, искрено од длабочината на срцето веруваше во Бога и тоа аргументирано го ширеше меѓу оние со кои стапуваше во контакт. Многу читаше верска литература и теоретски се подготвуваше да студира на Теолошкиот факултет. Последната година од неговиот живот, викендите и годишниот одмор, меѓу две битки од фронтот, ги користеше во посета и престој на повеќе манастири низ Македонија, со цел поблиску да го доживее манастирскиот и монашкиот живот во нив.

Таткото на Игор, Миливој Костески, објавил книга под името Смртта ме гушна од неговиот нотес. Во посмртното издание „Смртта ме гушна“ се опфатени шеесеттина песни од Игор Костески создавени од 1992 година до денот на неговото трагично загинување на 28 април 2001 година во Вејце, Тетовско. Читателот ќе биде чудоневиден од пречувството и предвидението на авторот дека смртта некој му ја всадил како несакан гостин во неговата свест која постојано го повикува или тоа е можеби природно подготвување на организмот за тоа што ќе следи иако во секојдневниот живот, Игор никогаш не даваше знаци на разочараност, загриженост и уплашеност. Напротив, беше сигурен и без страв и приложеше на извршувањето на сите борбени задачи, а беше полн со планови и желби со животот кои пред него стоеше, а кои му ги прекина терористичката рака.

Не само што во неговите поеми го опишува кобното претчувство, исто така и ден пред масакрот се случуваат чудни измени во патролата и смените, при што Игор станува нервозен. Тоа го потврдува разговорот со мајка му преку телефон, која во моментот на муабетот на 27 април 2001 година во 20:30 часот го прашува синот што е таа врева во позадината. Игор одговара: „Некои се прават многу паметни, правиме претумбации во смените, некои не сакаат да одат во патрола, болни се, глупости. Нервозен сум, ми иде да прснам!“.

Кога паднале во заседа војниците и полицајците кај Вејце, Игор, од задното седиште, се префрлил на возачкото, кое веќе го напуштил командирот Кире К., и се обидел со маневрирање на тесниот пат да го донесе „хамерот“ во коса, заштитна позиција, која би служела како заклон за дејствување. Во тие кратки мигови на одлука и размислување, на нишан од терористите и соочен со смртта, тоа што го направил Игор е вистински, професионален, војнички и херојски подвиг. По се изгледа уште на воланот Игор бил изрешетан со седум смртоносни куршуми.

Во заседата, на Игор Костески му се нанесени седум огнострелни рани по целото тело. Сигурно додека давал знаци на живот, од близина со пиштол му е пукано во чело. Ако загинал зад воланот додека маневрирал со „хамерот“, загадочна е раната и големата расеченица на левото стапало, и отсечените три прсти на десната рака. Рачниот часовник застанат беше во 18:12 часот. Дали запрел од компресија и експлозија или сам го стопирал Игор, со што сакал да ни соопшти дека во тој миг животот му престанал. Во негова чест, во паркот на бранителите во скопско Драчево е поставен спомен плоча на меморијалната фонтана. Во Слатино, Дебарца, каде што потекнува семејството на Игор, исто така е поставен споменик во негова чест.
 
Само бесилка за предавниците. Незнам како живее со тоа што го сторил/е. Незнам што да кажам, па и тие терористи со кој акал (иако го немат) си дозволиле да касапеш со нож па и да ги запалеш.... Чичо Игор добро кажа пред некое време вол од председател ма не само од председател целиот наш политички систем е приватизирана фирма, односно се сценаристи смислиле некоја сцена а таму загинуваат млади деца, што се приклучиле во АРМ/Мвр поради тоа што си ја сакале државата и народот. Луѓе само што станале татковци родители, ѓи одвоиле за што? За да си остварат сопствени политички/финансиски цели. Греота за младите како Игор Костески, Илче Стојановски и сите други без разлика на возраста или верска припадност. И Пантер добро кажа дека партиите (комитите и партизаните) не 'не бранат во такви кризни моменти. Извинете многу за тоа што излегов надвор од темата но не можам да се помирам со крвавото Вејце и крвавата 2001(иако сум бил само неколку недели возрасен сите знаеме како е да изгубиш сакана личност). Душа и знае на тие луѓе што се претрпеле а денес трпат за парче леб. Извинете сите за оф топик и посебно извинување до Пантер и Игор што ги цитирав. Но во право се за се. Сега назад на темата.

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Човекот кој е на сликата го имам гледано во повеќе видеа, слики...
Изгледа многу добро подготвен и психички и физички, крши керамиди со глава и рака, му кршат бетонски блокови во пределот на стомакот и градите, главен представник е кога има боречки вештини... Мора да е некоја од поглавните фаци во БСН. Прави волци се. И кај тигрите имам видено вакво нешто но тие се маскирани кога имаат задача од типот на боречки вештини и др... И за време додека им беше стариот амблем тигар и сина боја во позадина еден тигар со рака и глава пукна чудо од керамиди. Секоја чест за дечките а се восхитувам и на жените кои што имаат поголемо срце од некои "мажи".

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom