MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Зошто „мудри“ во наводници? Како демек „мудри“ се само христијанските земји? Дивјачки земји биле/се христијанските земји...
Вие го создадовте мракот и сенката надвиснат над умот, за разлика од стариот Рим и Грција, Египет и далечниот Исток! Вие се гадете од човекот и се што е човечко и на таа основа и измисливте гревови кои се наследуваат и спасител кој што за чудо - бил човек, а реално не знаете ништо ниту за боговите ниту за човекот!
Требаше исламот да ве поправи малку, но и тој западна по истата патека, само 600 години каснење...
И еве ме расправам со тебе за работи кои се премногу далечни за тебе... а догма не можам да ти понудам ниту да се сложам со твојата христијанска догма.
Проповедање догми ми е најниското нешто на кое што може да падне еден човек... барање оправдување за една неспособност!
Види што ме праша:
Ако имале контакт Инките со Рим, сигурно можеле да наоѓаат сличности и да создаваат слични ритуали...
Кога се работи за боговите и природата и човекот - не се бараат сличности, тие постојат: се обожува секаде исто, видоизменето според култура и достигнување. Затоа ти реков дека Египет и Инките се далеку со милениуми а и просторно оддалечени...
Дали стапиле во контакт? Не знам, имам читано дека имало римски фигури наоѓани во Мексико на пример... но немам доказ со цврсти темели за тоа, дека биле во дирекнта врска...
Останува прашањето како и Инките и Египет обожувале едно та исто, а да немале контакт?
Затоа ти реков, за разлика од овие две за кои ти напна да прашуваш само за да го одвлечеш вниманието, христијанството се создава токму на раскрсницата каде што се среќавале сите системи во едно, не било изолиран настан од другите учења и верувања и иницијаторски системи... а тоа исто христијанство собра што можеше, разбра што разбра и запна да ги обвинува истите тие учења со глупи обвинувања...
Затоа и имате сличности премногу со Египетските ритуали, со боговите од античка Грција, со идеите на Истокот...
Дури и слично е со Египетските мистерии: кралот ја одобрува религијата во својата држава!
Во тоа време, кога се раѓа христијанството како чуден ѕвер од премногу учења, не беше проблемот за неизнаоѓање сличности помеѓу учењата, туку стриктната забрана и осудување на туѓите учења од страна на христијанството!
Од тогаш егото работи со идеја дека вие сте „оригинал“ на оргиниалот, подобри од јудејците, подобро верувате од оние што тајно обожуваат... сонца сте вие мирјаните кои се чукате во гради со Христос...
Сепак и Христос е Сонце, ѕвезди![]()
...и не забравај да си упатиш по некој пофален збор, како за крај, како збогатуење на ‘вија бесконечни монолози у дијалошка форма...мислим.