Криминалци и криминални групи во МК

Член од
12 март 2009
Мислења
20.625
Поени од реакции
16.832
Член од
28 февруари 2015
Мислења
30
Поени од реакции
20
Самир се вика син му, и не е малолетен некаде 21 година е отприлика, јас ги знам како фамилија градежници а сум немал поим дека работат и дрога и дека Шеваљ е таткото на Самир.
Tatkoto na samir se vika enver , ovoj na slikata
Seval e drug inace site zaedno si ja vrtat semata niz skopke
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Tatkoto na samir se vika enver , ovoj na slikata
Seval e drug inace site zaedno si ja vrtat semata niz skopke
Значи ги измешавме работите... Презиме на Шеваљ ?[DOUBLEPOST=1521291586][/DOUBLEPOST]Драги Каров
Еден од најбогатите криминалци во градот, колку е криминалец и колку е активен тешко е да се тврди, јавно се знае само дека бил лихвар целиот живот и дека е лик од старите (првите) генерации криминалци, имал затворска казна пред околу 15, 20 години за трговија со оружје заедно со неколку други локални криминалци, а се зборувало насекаде дека со брат му веќе долго време се наоѓачи на злато низ Македонија.

На цела Македонска јавност и стана познат по испаѓањето на вестите на А1 пред десетина години, поради некакво бранење на правата на бугарите во Македонија (ден пред тоа во дворот на домот му ја урнале статуата на Тодор Александров), кажано ми е дека неговата куќа во Велес на централна локација, е викана бугарската амбасада, а човекот без разлика што е бугарофил нема никакво бугарско потекло туку само голем профит поради пропагандата.

Драги десно, лево негова десна рака, по кажување на дописникот, бил само обичен човек.
IMG_20180317_132710.png
Куќата на Каров, со бугарофилски ознаки, знамиња и статуата на Тодор Александров која беше кутната со упаѓање во неговиот двор.
IMG_20180317_132553.png
 
Последно уредено:
Член од
5 јуни 2009
Мислења
40
Поени од реакции
36
Ajde nekoja informacija za Roseto od Ohrid sto go drzi kadmo i isto ako imate informacija za Zika toj bil mnogu opasen
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Screenshot_20180318-164600.png
Ликот над Џафери со кафено сако, дали му е телохранител ? и негово име и презиме ?[DOUBLEPOST=1521402445][/DOUBLEPOST]http://infomax.mk/wp/ексклузивно-ова-се-криминалците-и-нив/

Нешто што не сме смееле да го испуштиме другари :)

Еве да ги заокружиме поголемите имињата пошто друго скоро се е напишано од Ефтов.

Харун Хаџибулиќ

Иванчо Павловски Пана, брат на Јане Павловски Тица

Близнаците Трајковски од Ѓорче Петров, Даниел и Дејан

Командант Коки

Александар Верушевски

Франкфурт Мафија "плус инфо" (Зоран Манасков Скршениот, Александар Василевски Магарето, Јованче Ташов Црниот, Анде Начаров Боксерот, Ванчо Михајловски Капларот)

Со еден збор ова е новата криминална мрежа на "новата" влада (y)[DOUBLEPOST=1521402808][/DOUBLEPOST]+ Љупчо Пецов Ѓаволот и целата екипа осудена во Детонатор...
 
Последно уредено:
И

Име И Презиме

Гостин
Прегледај го приврзокот 187432
Ликот над Џафери со кафено сако, дали му е телохранител ? и негово име и презиме ?[DOUBLEPOST=1521402445][/DOUBLEPOST]http://infomax.mk/wp/ексклузивно-ова-се-криминалците-и-нив/

Нешто што не сме смееле да го испуштиме другари :)

Еве да ги заокружиме поголемите имињата пошто друго скоро се е напишано од Ефтов.

Харун Хаџибулиќ

Иванчо Павловски Пана, брат на Јане Павловски Тица

Близнаците Трајковски од Ѓорче Петров, Даниел и Дејан

Командант Коки

Александар Верушевски

Франкфурт Мафија "плус инфо" (Зоран Манасков Скршениот, Александар Василевски Магарето, Јованче Ташов Црниот, Анде Начаров Боксерот, Ванчо Михајловски Капларот)

Со еден збор ова е новата криминална мрежа на "новата" влада (y)[DOUBLEPOST=1521402808][/DOUBLEPOST]+ Љупчо Пецов Ѓаволот и целата екипа осудена во Детонатор...

Од сигурна инф знам дека еден од близнаците(Даниел) се иселени од Македонија фамилијарно .
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Од сигурна инф знам дека еден од близнаците(Даниел) се иселени од Македонија фамилијарно .
Интересно инфо, од тебе слушам не сум знаел, пред скоро нешто ново сретнав за нив на српски портал дека наводно биле најголеми трговци на оружје во МК, интелигентно делуваат кој би знаел што и до каде е вистина ;)
 

MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
Член од
22 септември 2017
Мислења
339
Поени од реакции
395
Шокантно сведочење на гостиварец: Слушнав како Мијалков се фали во кафеана дека нарачал ликвидација на Даниел Близнакот!
Elena Daskalova
9 months ago

Борче Грашиновски дал изјава за ова свое сведоштво во полициска станица во Скопје, откако во Гостивар со разни изговори не сакале да му земат таква изјава.

Гостиварец тврди дека сосема случајно го слушнал поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков како се фали во кафеана, пред своите блиски соработници, дека „договорил со луѓе“ Даниел Трајковски, попознат во скопските кругови како Близнакот, наскоро да биде ликвидиран и дека „овој пат нема да куртули“. Само околу еден месец подоцна Трајковски навистина беше нападнат пред својот дом во Ѓорче Петров – непознат напаѓач испука врз него најмалку пет куршуми пред неговиот дом, од што тој одвај извлече жива глава. Истрагата за овој обид за убиство сè уште тапка во место.

„Готово е, ќе биде ликвидиран!“
Четириесет и седумгодишниот Борче Грашиновски, заедно со свој близок пријател, во средината на октомври лани седнал на ручек во позната скопска кафеана. Во еден момент во ресторанот влегле Мијалков, во придружба на близок бизнисмен и уште четворица придружници, најверојатно обезбедувачи.


Даниел Трајковски – Близнакот
– Мијалков и бизнисменот седнаа буквално една маса до нас, не повеќе од метар, метар и пол од нас, а останатите две-три маси понатаму. Мијалков ми беше свртен со грб, ама поблиску до мене, додека бизнисменот го гледав в лице – раскажува Грашиновски.

Во еден момент, вели тој, вниманието му го привлекло споменувањето на „близнаците“, кои Грашиновски ги познавал и лично и преку нивните партиските активности, зашто тие подолго време биле активни во структурите на СДСМ.

– Без да го намали тонот, напротив, Мијалков буквално рече: „Даниел Близнакот од Ѓорче, договорено е со луѓе, овој пат ќе биде ликвидиран!“ На тоа бизнисменот задоволно рече: „Па и редно беше. Јас се сретнав со него, многу штета ни прави во кампањава“ – тврди Грашиновски.

Вториот сведок – починал!
Тоа многу ги изненадило, особено неговиот придружник, кој се исплашил и инсистирал веднаш да си одат од ресторанот.


возилото на Даниел Трајковски – Близнак
– Мојот пријател беше мирен човек, домаќин, и ова многу го потресе. Кога се вративме во Гостивар, зборувавме дали да пријавиме во полиција, но тој беше исплашен и велеше, не мешај ме мене, јас сум семеен човек. Особено беше потресен кога по околу еден месец на телевизија разбравме дека Даниел навистина е нападнат и дека во него биле испукани најмалку пет куршуми. Тоа беше за нас шок. Разговаравме да одиме во полиција, но тој не сакаше, немаше доверба, а и мене не ми беше сеедно. Се жалеше на стрес и притисок и само гледаше дали некој го следи. Почна дури и да ме избегнува, а пред два месеца почина. Верувам и стресот си го направи своето – раскажува Грашиновски за судбината на својот пријател, но вели, не сака неговото име посмртно да биде објавувано, а на полицијата ѝ го соопштил.

По долго размислување, тој сепак решил да го пријави случајот и пред неколку денови се обратил до СВР Гостивар. Таму со часови го шетале по канцеларии, за да утврдат кој треба да ја земе изјавата, сè додека на крајот не му рекле дека е најдобро да даде изјава во Скопје.

– Ме мавтаа цел ден, командирот еднаш се појави па исчезна, можеби 10 канцеларии сменивме. Еден инспектор дури и почна да пишува изјава, ама кога стигнав до името на Мијалков, прекина и отиде некаде. Подоцна ми рекоа дека не се надлежни за да земат таква изјава и ме упатија да одам во Скопје – раскажува Грашиновски.

„Ме следеше голем, црн џип“
Ништо подобар односот не бил и во Скопје, во полициската станица во Кисела Вода, но таму барем го сослушале и му зеле изјава. По патот, раскажува Грашиновски, забележал дека некој голем црн џип со затемнети стакла чудно го следи, па со таксистот успеале да го „изгубат“, свртувајќи нагло на еден од излезите за Тетово. Тој е уверен дека тоа е поврзано со неговата намера да даде изјава во полицијата.

Четириесет и шестгодишниот Даниел Трајковски беше нападнат на 13 ноември лани, од непознато лице, додека со автомобил влегувал во својот двор на улицата Наум Чакаров 64, во скопската населба Ѓорче Петров. Од истрелите од рафално оружје, најмалку пет куршуми завршиле во неговото тело, но тој сепак, со својот „голф“ се упатил кон скопските клиники. Патем, на улицата „Партизанска“ изгубил свест и се превртел, по што болничко возило го однело во државна болница, каде што лекарите успеале да му го спасат животот.

Дознаваме дека излегол од болница пред два месеца, но и натаму живее под закани и страв. Засолнат е на тајна локација и стравувајќи за својот живот, не се појавува во јавност. Истрагата за обидот за негово убиство сè уште не дала никакви резултати, барем ништо не е соопштено во јавноста.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom