Лол, што ви е со коментариве, озбилно? Ако Јунајтед беа мизерни, што беа Ливерпул? Катастрофа + мизерија + безидејност + дно + очај?
Убедливо најлошата утакмица што сум ја гледал на Ливерпул сезонава, и на други губеа ама вака никакви не биле.
Тотално уништен Клоп од Мурињо. Со оние бекови ли ќе стига до финале на ЛШ? Овој со две презмииња денеска треба да има отценка 2/10.
Ај за средниот ред има оправдување, повредени биле Хендо и Винјадлум. Со Милнер и Чембрлен толкму се може, не постоеше средниот ред денеска. Аксал Оксал Чембрлен и Третн Александар Арлнод најслаби поединци на утакмицата, можда до сложениве имиња и презимиња е.
Да не беше акробатскиот автогол на Баји ќе останеа без постигнат гол. Тоа што имаа 12 корнери е еден од показателите колку со глава у ѕид им беше играва. Глеаш дека не ти поминуваат тие центрашути и полуцентаршути, пак упорно така.
Во дуелот на двата најдобри трансфери сезонава, Матиќ го победи Салах. Сам денеска издоминира у средина, пошто овој Мекманаман ништо посебно не беше. Момо катастрофална утакмица, тотално отсечен.
Многу беа дезорганизирани Ливерпул, поразов иде на душа на повредениот среден ред и на Клоп.
А Мурџо едина критиак е што пак пребрзо се затвори. Но временски пребрзо. Резултатски не беше пребрзо пошто сепак имаа 2 гола предност, он знаел и при 1-0 да се затвара.
Можеа и уште еден да им закачат во прво, но реши да се повлече и му вредеше на крај.
Ливерпул во ЛШ ќе се надева на пролаз даље ако им се врати средниот ред у форма, ма да со овие бекови...
Заборавив, Клоп може да се правда и со недосуденит пенал, за другото, беше тотално надригран и безидеен.