A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
Дали е можно телевизор купен во Македонија да не подржува македонски титлови , 10 ден се мачам со вип операториве не знаат да ми објаснат. Опција за македонско мени има а во опција за примарен и секундарен јазик за титлови нема македонски јазик. Копчето титлови ми дава три опции, без титлови , вклучени титлови и автоматски. Би требало на автоматски да ги вади македонските ама ги вади српските таму кај што ги има.
 
Дали е можно телевизор купен во Македонија да не подржува македонски титлови.
дали се преводи од усб или од тв каналите? ако е од усб, дали е превод преку телевизорот или преку вип модемот?
ако е од тв каналите, не треба да има проблем со било кој телевизор.
 
Последно уредено:

Немам македонски титлови на тв каналите, инаку користим модул, ми направија и пререгистрација на картицата и пак не сака, а српските титлови ги повлекува
 
Дали е можно телевизор купен во Македонија да не подржува македонски титлови , 10 ден се мачам со вип операториве не знаат да ми објаснат. Опција за македонско мени има а во опција за примарен и секундарен јазик за титлови нема македонски јазик. Копчето титлови ми дава три опции, без титлови , вклучени титлови и автоматски. Би требало на автоматски да ги вади македонските ама ги вади српските таму кај што ги има.

Немам македонски титлови на тв каналите, инаку користим модул, ми направија и пререгистрација на картицата и пак не сака, а српските титлови ги повлекува

Ако телевизорот е Филипс, вообичаено не го препознава преводот како македонски јазик, туку го дава како непознат превод, односно Unknown subtitle. Со други зборови кажано, ќе треба рачно да го одбереш непознатиот превод Unknown subtitle, за жал секој пат кога ќе го одбираш конкретниот дигитален ТВ канал.

Истото важи и за други производители кај чии што телевизори не го препознава преводот како македонски јазик, но конкретно за телевизорите на Филипс знам дека го имаат таквиот проблем.
 
јас па модем. рисивер.
Немам македонски титлови на тв каналите, инаку користим модул, ми направија и пререгистрација на картицата и пак не сака, а српските титлови ги повлекува
Мислев користиш рисивер или ти треба за усб филмови со превод. Ако користиш модул, не знам што би било. Знам кај моите кога инсталиравме, исто имаше проблем па се јавував за пререгистрација и за подесување на одредена држава на тв-то (кај некои тв, кај мојот нонаме нема потреба). Тогаш треба да има врска и со модулот и со телевизорот, моја грешка.
 
Последно уредено:
Ако телевизорот е Филипс, вообичаено не го препознава преводот како македонски јазик, туку го дава како непознат превод, односно Unknown subtitle. Со други зборови кажано, ќе треба рачно да го одбереш непознатиот превод Unknown subtitle, за жал секој пат кога ќе го одбираш конкретниот дигитален ТВ канал.

Истото важи и за други производители кај чии што телевизори не го препознава преводот како македонски јазик, но конкретно за телевизорите на Филипс знам дека го имаат таквиот проблем.
Филипс е за моја жал, значи нема решение за проблемов ? Колку те разбирам при секоја промена на канал треба да одам во мени и да ја избирам таа опција, дали можеби апдејт на тв би го решил проблемот
 
Можеш да се обидеш, баба ми користи LCD телевизор од Филипс, но таа живее во друга населба, па никако да ми текне и на мене да се обидам да го решам проблемот со инсталирање на најнов firmware за телевизорот кога одам кај нејзе, можеби ќе ти го реши проблемот.

И за жал да, доколку нов firmware не го реши проблемот, секој пат кога ќе менуваш канал, ќе мораш рачно да го бираш непознатиот превод Unknown subtitle, бидејќи телевизорот може да се намести автоматски да прикажува само превод што го препознава, додека за непознат превод Unknown subtitle, секогаш мора рачно да се бира истиот кога ќе се менува канал.
 
Можеш да се обидеш, баба ми користи LCD телевизор од Филипс, но таа живее во друга населба, па никако да ми текне и на мене да го решам проблемот со инсталирање на најнов firmware за телевизорот, можеби ќе ти го реши проблемот.
Ќе пробам да го вратам купен ми е пред месец, ако не го вратат ќе пробам со апдејт па ќе информирам. Значи подалеку од филипс.
 
Утре баш да проверам кај моите. Имаат Филипс со рисивер, како им е подесено за да имаат мак превод.
 
Утре ќе проверам кај моите, ако ти треба. Имаат Филипс со рисивер, како им е подесено за да имаат мак превод.

За корисниците со кабелски рисивер нема проблем, проблемот е за корисниците како @dajm, кој ја користи дигиталната кабелска телевизија преку кабелски CA модул.

Единствено му останува да провери дали проблемот ќе се реши со инсталирање на најнов firmware за телевизорот, а ако и тоа не го реши проблемот, тогаш ќе мора рачно да го бира преводот секој пат кога ќе менува дигитален ТВ канал.
 
Утре баш да проверам кај моите. Имаат Филипс со рисивер, како им е подесено за да имаат мак превод.
Имам уште еден филипс црт и супер си функционира, ако моделот се погодил таков тоа е.
 
Е па очигледно обичниот Филипс телевизор го користиш со кабелски рисивер, освен ако станува збор за некој ептен посебен модел кој доаѓа со сопствен DVB-C декодер.

Како што веќе спомнав, со кабелски рисивер нема да имаш проблем, проблемот е конкретно кај Филипс телевизорите со кабелски CA модул, а не со кабелски рисивер.
 
Бидејќи имам Philips 40PFH5500 Модел кој е 2015 произведен, иако немам CA Module би можел да проверам како стојат работите сега. Порано имаше проблем но само за ТВ каналите, каде што преводот беше прикажан како mac, а не како другите Serbian, Croatian итн. Иако од Филипс ми одговорија дека имаат поддршка за детектирање на МК превод, бидејќи сепак можеби и се во право бидејќи во Менито МК јазик го има како опција да биде Default и при секој канал да го пушта. Но сепак тој е прикажан како mac, т.е. mac не го чита како Macedonian па не го пушта default. Со другите Serbian, Croatian, итн е ОК. Иако доколку пуштам филм преку УСБ и имам закачено МК превод автоматски го пушта бидејќи си го детектира како што треба - Macedonian, а не mac како кај ТВ каналите. Ќе те треба да видам кога ќе можам бидејќи во меѓувреме имаше доста абдејти, одамна не сум видел за ова.
 
Дечки, дајте искуство со Интерактивната телевизија на Вип, т.е. ИПТВто што го нудат, кажете некој коментар. Ќе ви бидам благодарен однапред.
 
Бидејќи имам Philips 40PFH5500 Модел кој е 2015 произведен, иако немам CA Module би можел да проверам како стојат работите сега. Порано имаше проблем но само за ТВ каналите, каде што преводот беше прикажан како mac, а не како другите Serbian, Croatian итн. Иако од Филипс ми одговорија дека имаат поддршка за детектирање на МК превод, бидејќи сепак можеби и се во право бидејќи во Менито МК јазик го има како опција да биде Default и при секој канал да го пушта. Но сепак тој е прикажан како mac, т.е. mac не го чита како Macedonian па не го пушта default. Со другите Serbian, Croatian, итн е ОК. Иако доколку пуштам филм преку УСБ и имам закачено МК превод автоматски го пушта бидејќи си го детектира како што треба - Macedonian, а не mac како кај ТВ каналите. Ќе те треба да видам кога ќе можам бидејќи во меѓувреме имаше доста абдејти, одамна не сум видел за ова.
Кај мене менито има македонска подршка а за титлови нема, тоа ми е некако нејасно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom