Сум читал некои студии дека е многу лошо посебно за машко дете да расте само со Мајка...незнам лично никој. Ама психолози викаат дека статистички е многу лошо во научни студии. Се смета дека најголем фактор за насилство и сиромаштија кај црнците во САД се самохрани мајки. За МК незнам...ако има податоци воопшто.
Чисто информативно 28 од последните 29 бели масовни убици во Америка се растени без татко...што дефектно дете ќе биде тоа ама ај се само да е среќна мајката.
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4886836/
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4508674/
Студиите кои покажуваат ризици за психофизичката состојба на детето кај самохрани мајки, тоа го поврзуваат со послабата финансиска моќ на родителот да го издржува детето како најголем импакт фактор. Tоа со црнците, може да се должи на лошата економска состојба на самохраниот родител, а не поради тоа што е самохран и што е „мајка“. Според грото студии, нема некоја разлика измеѓу дете (машко или женско) растено од самохрана мајка/татко, со финансиите/љубовта потребни за детето да расте ко што треба и дете израснато во брак на двајца ок родители.
Постојат студии кои покажуваат дека децата растени со еден родител кој се грижи за нив и може да ги издржува, растат во многу подобра околина, отколку деца во бракови во кои има насилство, караници и такви срања. Во име на вистината, има и студии кои стварно покажуваат дека земени сите фактори (ко оваа подоле), два родитела во просек, се подобри за детето од еден.
Ама има тука многу методолошки проблеми (во сите студии), односно дали се зема репортот на тој што се грижи за детето или и на детето, дали има фактори кои влијаат на разводот на родителите и воедно истите на развојот на детето и така натаму.
Уште поразглобени сите фактори ти се у оваа студија што иде у полза на фамилии со два родитела:
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3685438/
Како и да е, овие спротивни резултати и дискусии, се базираат на статистики и просеци и разликите не се толку јаки. Не е као дека ако детето расте со мајка му, ќе стане сериски убиец и дисфункционален психопат ко што го правиш. Може комплетно да расте со мајка му само и сто пути боље да му биде, отколку да расте у брак со расправии и други срања. Ти одма дефектно го напраи.
Еве ќе тргнам од себе. Ја сум растен со самохрана мајка, татко ми пиеше, се коцкаше и праеше тристо други глупости. Сто пути ми е помило што се развеле кога сум бил мал отколку да останеа заедно. Мајка ми е срце, ме растеше со љубов, се грижеше за све што треба и имавме поддршка од семејството (баба ми, дедо ми и други), финансиска, морална и све тоа. Колку што знам, не убивам педер луѓе по улица, иам нормални другари и све тоа.
Могуче е ако мајка ми не се разведеше, да растев со татко што ја тепа нејзе, мене, си има проблеми со луѓе на кои им дужи пари, да глеам како доаѓаат идиоти дома и ни праат проблеми и да го јадам курот ради тристо трауми.
Што мислиш ти, која ќе беше подобра опција за моето психофизичко здравје од двеве?