Салеп

  • Креатор на темата Креатор на темата Сабазиј
  • Време на започнување Време на започнување
Епа добро,на грешките се учи
Јас на две шољи (за млако)ставам 2 полни лажичиња салеп,го размутувам со малку вода,го сипувам во зовриенето млеко и варам со мешање 5-6 мин.и е супер.Пробај така и ќе видиш дека е многу убаво.Шеќер не ставам,а ако некој сака по благо,накнадно ставам по желба.
Пробај,па кажи како е!

Еве сега го пијам, морам да те пофалам, вкусот е по убав, по лесно некако се пие, ама сепак пак ми загорува тенџерчето.
Може пред млекото треба да му турам вода колку една чаша за ракија, ваљда нема да загори.
Шеќер и јас не турам, неколку ронки прашок за ванила му турив, чисто да видам каков вкус ќе добие.
Супер е.
 
Зачин што се вика каранфилче.

Овака личи како само млеко да имаш стоплено. Многу е бело.
Нели салепот е кафеав, како ванила?
Или јас сум грешка нешто?
 
Овака личи како само млеко да имаш стоплено. Многу е бело.
Нели салепот е кафеав, како ванила?
Или јас сум грешка нешто?

Не знам каков е и не знам што си пиел ти, мојот е оваков. :D
 
Јас ракија сум пиел изгледа:P:P:P

Добро е и твоето, ако си имала и мелени мигдали да му наросиш.:aplauz:

Немам пари за мигдали, тоа кога ќе бидам жена на камионџија.
 
Мене воопшто не ми е убав салепот, еднаш напраев дома, две три голтки се напив и толку беше :toe:
На сутлијаш ме потсеќа вкусот.
 
Еве сега го пијам, морам да те пофалам, вкусот е по убав, по лесно некако се пие, ама сепак пак ми загорува тенџерчето.
Може пред млекото треба да му турам вода колку една чаша за ракија, ваљда нема да загори.
Шеќер и јас не турам, неколку ронки прашок за ванила му турив, чисто да видам каков вкус ќе добие.
Супер е.
Цимет си стави?
 
Немав. Бадеми мелени му наросив малку. Вкусот е таман.
На страницата на Делимано има едни тенџерчиња керамички,јас во тоа правам и воопшто не загорува.Имам ѓезве од ист материјал и тоа не загорува.
Без цимет никогаш не сум пробала,и незнам како е без него.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom