Ситуацијава ме подсеќа на 2006 кога ДПМНЕ дое на власт, а СДСМ ги снема едно 10 години...
Груевски својот капитал го потроши и кај најслепите, односно испадна најголем лузер на Македонската политичка сцена. А ДПМНЕ не гледа носталгично на старите лидери, попут СДСМ на Бранко....
Сашо како што гледам си игра многу успешно и со новата власт... Сите бизниси му цутат без никаков проблем... Кај и да е ќе се огради од политика и ќе си го тера животот попут Орце, Целе, Штерјо, Минчо и тако даље, или во најмала рака во некоја државичка друга ќе си го изживее животот, освен ако не е толкав цреп да се уништи самиот.
Мицковски јас првпат го гледам у животот и незнам со што заслужил да биде на чело на ДПМНЕ, но можеби бил играч од позадина, можеби е вистински избор, еве Љубчо за него има пофални зборови и рече дека бил ок човек и доста харизматичен (мада не ја гледам харизмата јас)....А можеби и не го бива, незнам....Знам дека со некои нови потези што ги направи, како на пример изјавите што му дадоа ветар во грбот на Заев за промена на името (не толку и оградувањето од протестот), си навлече кон себе гнев на дел од членството и тоа ќе го прати цел негов мандат, кој ќе донесе дополнителен раскол во партијата....
Иначе расколите во ДПМНЕ не се ништо ново, Груевски до негде успеа да собере неколку партии што произлегоа од оригиналното членство на ДПМНЕ и сега тоа што се дешава е повторно враќање на старите позиции, со таа разлика што пак сега Љубчо најави враќање во ДПМНЕ....
Иначе за затворот, не верувам дека Грујо или Сашо ќе лежат, поготово не Сашо... Грујо има шанси и да лежи пошто како ќе поминува времето се повеќе ќе биде маргинализиран од ДПМНЕ, па така можно е и да го пуштат низ вода....