Според анималистичките семиотичари (левата школа), лисицата лево е симбол за Ќуби, најмоќниот демон во јапонската митологија. Тоа е демонот на гневот, метафорична егземплификација за гневот на македонскиот народ поради предавството кое ќе се случи на 16-ти април, денот кога е формирана првата македонска влада на чело со Лазар Колишевски и денот кога Македонија ќе престане да постои. Тоа го прикажува кругот на креацијата, тоа што умира, завршува таму кајшто почнало, еден бесконечен циклус.
Според политичките семиотичари (десната школа), лисицата го симболизира лукавството на СДС. Сепак, архетипот на Заев е зајак, а лисиците јадат зајаци, што е во полза на првата школа, која ја толкува лисицата како гневот на македонскиот народ кон Зајко. Така што, убивањето не е фактички настан, туку симболичен. Тој ден, Зајко ќе ја убие Македонија бидејќи ќе го смени името (Македонија нема да постои како концепт).
Петелот десно е гордоста на народот. Тој го означува првото кукурикање во зората кога изгрева Сонцето, што ја симболизира Mакедонија и нејзината бесконечна светлина. Тука има уште еден циклус. После ноќта, изгрева Сонце. Иако Македонија ќе умре на 16-ти април (ноќта), таа ќе изникне од својата пепел како феникс, петелот ќе закукурика и Сонцето повторно ќе изгрее, најверојатно на 16-ти април, за 600 години.
Останува да чекаме...