Дечки ова беше пред 2 и пол години
После 2001год. поминаа 10тина год... во муабет ќе спомневме за тогашниот конфликт и секогаш се сведуваше на тоа дека не може да се деси такво нешто повеќе, не постојат услови, нема амбиент, нема да дозволат надворешните фактори
Сепак, се деси вооружен судир во кој загинаа 8 специјалци, 10 убиени терористи и 30 беа уапсени.
Сега се води судски спор кој наместо да е експресно затворен се шпекулира со монтирани случаеви за на крај овие луѓе со главите потпрени на ѕид
треба да испаднат жртви кои биле изиграни и изманипулирани за потоа со чартер лет да се испратат до Република Косово.
Такви некои потези во државава ми идат крајно на нерви.
Тие шлакнатите кои веруваат во задкулисни игри за намерно огранизирани дестабилизации се еднакви на оние што веруваат дека земјата е рамна плоча.
Чив протекторат сме и чиви интереси штитиме стварно не ми е јасно. Безидејни како нација, раскарани по партиска основа.. Алоооо партиска. Во светов има расна национална верска поделба... Маусдонија која до вчера некои така ја викаа, има партиска поделба. Зашто? Заради некој идеали. Кој се тие идеали? Обезбедување лична финансиска сатисфакција и просперитет во животот.
Колку е само ниско тоа.... Кога не можеме да функционираме како колективно општество кое ќе штити свои заеднички интереси кои се од корист за поколенијата што ги раѓаме.
Албанецот сонува за обединето Косово и Албанија. Македонецот сонува за Германија и Канада.
Секаде има спротиставеност и добро е да има, меѓутоа кога ќе се поларизираш заради сатисфакцијата и бенефит на своја кожа на штета на другиот е тогаш доаѓа до тоа самоуништување.