Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2009
Мислења
20.704
Поени од реакции
16.919
Толку небитен лик што немало врата каде што не тропнал Делчев да го ослобди.
Делчев се што замислил а било тешко изводливо му го доверувал на Ќосето.
Ќосето исто така ако не бил, никогаш немаше да имаме успешна завршница на Мис Стоун (тој го зел откупот и го дал на Јане, откуп кој Јане никогаш не го внесол во касата на организацијата).
Ќосето со неговата чета е лично одговорен што главната чета за време на Илинденското востание успешно се пробива и се спасува од турскиот обрач.
Тој е многу битен лик, кој поради злоупотреба од страна на едни криминалци а другите пак кои немат прочитано 5 страници историја, го извалкаа до крајни граници, човекот кој бил десната рака на Делчев, Груев, Татарчев.
блгарите го бараат Ќосето да ја постават статуата кај нив ....
а ако не го сакаме Ќосето ни Делчев не ни треба :confused:
 
Член од
31 јануари 2018
Мислења
99
Поени од реакции
48
а кога ќе размислиш дека тие статуи сме ги плаќале по милиони евра, а уствари не вредат ни десет илјади евра
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
А тоа поповите од секогаш биле кодоши и без морал, мајку им божја :popce: .
Па не се само поповите, односно МПЦ или Црквата, туку сите битни институции, домашни и странски, го подржуват договорот за добрососедство и соработка со Бугарите. Така да постои некоj чуден консензус по таа тема па нема никакви дилеми дека причина да не се стигнало до неговото потпишување порано е само претходната гарнитура коjа дури после тешките порази се покажа немонолитна во однос на поширокото прашање за зближување со Бугарите.

Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија одлуката на БПЦ по писмото на МПЦ-ОА

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/reformatorite-na-vmro-dpmne-ja-pozdravija-odlukata-na-bpc-po-pismoto-na-mpc-oa

Синодот на МПЦ застана зад договорот со Бугарија

http://religija.mk/sinodot-na-mpc-zastana-zad-dogovorot-so-bugarija-i-izrazi-nadez-deka-se-blizi-vremeto-za-priznavanje-na-avtokefalnosta/

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов смета дека Договорот со Бугарија е чин на градење доверба

http://novatv.mk/ivanov-smeta-deka-dogovorot-so-bugarija-e-chin-na-gradene-doverba/

Собранието го ратификуваше Договорот за добрососедство со Бугарија

http://meta.mk/sobranieto-go-ratifikuvashe-dogovorot-za-dobrososedstvo-so-bugarija/

Претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски: Политички договор со Бугарија е акт за иднината!

http://faktor.mk/intervju-vlado-kambovski-politichki-dogovor-so-bugarija-e-akt-za-idninata/

Цел свет го поздравува договорот, со исклучок на затуцаните овци кои претставуват незначаjно, краjно маргинално малцинство без тежина во македонското опшетство.
 
B

Bafra

Гостин
со исклучок на затуцаните овци кои претставуват незначаjно, краjно маргинално малцинство без тежина во македонското опшетство.
Во хороскоп сум Овен а дали сум затуцан прашај ги женскиот род по дома.

Ако за тебе цел свет се: Реформаторите на дпне, Синодот на МПЦ, Хорхе и Камбовски удбашот и уништувачот на ПРАВОТО во Македониа тогаш сите ќе согласиме дека си најзатуцан преварант.

Среќа Сакс Кобург Гота ве одбрале на времето да бидете нивни слуги па може да изигравате сега држава и посебна нација.
Само вие татарите и оние јужните ѓупци од желба да ја преебете Македониа заборавате на муслиманскиот % кој ќе го добиете кај вас :D
Таман за радикалните десничари да имаат причина за зголемување на следбеници :sneaky:
 
V

viktora

Гостин
Твоето IQ тест е 150, затоа чистиш клозети во САД.
Многу луѓе се одселиле од државава не поради тоа што немале леб да јадат него од луѓе како тебе и слични на тебе.Во време кога државата е при распад и на добар пат да се одкажеме од сето она што нашите со векови се бореле да го сочуваат,само вас ви е топ само вие сте среќни,весели и задоволни.
Не е до IQ до клетото срце и продадената душа.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Многу луѓе се одселиле од државава не поради тоа што немале леб да јадат него од луѓе како тебе и слични на тебе.
И поради невозвратена љубов.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Последно уредено:
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
Шизофрено општество еј...
Кога пишував овде пред година дена дека не искачам на гласање, со образложение дека сите се исти, овде фаци ми одговараа - "дете, ќе пораснеш, ќе сфатиш" , "абе уште не си свесен со каков режим си имаме работа". И тогаш, си реков ајде ќе праиме муабет за некое време.
Ете, сеа дојде тоа "за некое време". И? сменето нешто ? Живот ? плата 500 евра ?
Ај, ќе си речеш ништо не доаѓа за толку кратко време, да им даеме можност и шанса. Ама овие никакви индикации не даваат дека ќе го остварат она што го ветиле, освен приближување кон ЕУ и НАТО... или наместо натртено газето кон исток, ние го натртивме кон ЕУ... и сеа не фалат дека сме го средиле газето, сме почнале да праиме чучњеви у теретана... пошо претходно беше свртено кон друга страна и долго време не ни го виделе од блиску какво е. А суштински, гзот си е ист.
Се што е ново е што македонија е капитулирана пред соседите. Не викам дека треба ко претходно да се мрзиме и хејтаме со сите наоколу, ама со секој сосед да влеземе капитулирани, и тоа не бива бе. Па достоинство да имаме малце од малце? А не секој да си влага и да си присвојува што сака и како сака.

Ако ништо друго, очекував барем малце посветеност на прашања од економски интерес... А што добивме ? Вицепремиер за економија (не ме фаќајте за збор дали така се вика функцијата) меѓу најбогатите у државава, лик што добивал тендери у време на режим? Значи он немал фрка со монструми да соработува, а ќе ни среди сеа држава? Ма немој да ме јебеш бре. Па уште и ќе си крои закони и прописи по своја мерка ?
27 години независност и сеуште ТЕРОРИСТИ ни се пратеници и министри? Значи праам муабет за стварно терористи, а не заебанции и куротресини некакви етикети и обвинувања. Претседател на собрание - терорист. Артан Груби човек што ТЕПАШЕ луѓе ни предава лекции по етика и морал? артан груби еј... Но ајде, тоа веќе е нужност, без тие нема власт праење и нема влада и власт.

И што имаме еве 9 месеци откако е формирана владава ? Расправање на концепти, замисли, идеали, историја... ништо конкретно... Закон за јазици, името, имиња на патишта, МПЦ/БПЦ... типични срања и замајувања на јавноста и народецов кој остана со мозокот у 19ти 20ти век закопан и затуцан.
У државава владее поголем медиумски мрак од пред 2/3 години, искрено. Не од аспект дека нема слобода... туку од аспект на темите кои се наметнуваат. Едно те исто, концепти и тоа. И плебсот неписмен се ложи на такви работи, на историја, на конкурентност македонци-албанци, на Амди факин Бајрам.
Телма стана поголем куртон од Сител. Јадеа говна 24/7 за песните што се пееја коа МКД играше на европски, демек фашизам се ширел, демек сме биле националисти... а сеа кога се докопаа до пренос од ракомет? ФАЛАНГАТА ГРМОГЛАСНО ЈА ПОДДРЖУВА МАКЕДОНИЈА!?!? До кој степен се лицемерни луѓево, страшна работа. Претходно барем на чело им пишуваше дека се криминалци. Овие абе 5 саати ќе те убедуваат дека се поштени, и на крај исти ко претходниве.
Шеќеринска по 1000 пати гостува на ОЧИГЛЕДНО НАРАЧАНИ емисии. Само што сеа тоа се преќутуе. 20 години е на политичка сцена. Со ништо, ама баш ништо не покажа дека ни ја прогресила државава... и уште се праи најпаметна еј. Па и си ангажира довчерашни соработници на режим, онака лабаво и тоа све и помина.

А од друга страна, обесправени работници низ цела држава. Нови стечајци. Како ќе се решава тоа? Очигледно ПР е решението. Crisis management методи, и глумење дека све ќе биде средено, само додека се гостува на нарачана емисија.
Наместо да ги согледаат потенцијалите на државава за да пркнеме економски, наместо да стимулираме инвентивност и креативни луѓе, ние ништо не праиме. Тапкаме у место, у гуша до говна.
У ситуација у која што сме најзатапена и најуназадена економија на балканов, мораме да стимулираме креативно размислување меѓу интелектуалците у државава, а не да се понашаме као типични балканци.
Мораме да ги препознаеме потенцијалите кои ги поседуваме и да го инвестираме и она малку што го имаме во тоа. Мора пензионерите и постарите, а и политичките елити да сфатат дека потребно е да преземат НЕПОПУЛАРНИ мерки кои ќе траат некое време, но евидентно ќе вродат со плод (после некое време). Мораме да го научиме народецов никаков дека неможе се да се решава на краткорочен план. Ама од друга страна, неаме ама апсолутно никакви цели и планови за долг рок.

Македонија има страшни потенцијали за органско прозиводство на храна, винарство, млечна индустрија и тн. Но за тоа се потребни луѓе кои ќе размислуваат визионерски и креативно, а не партиски полтрони.
Македонија има страшен потенцијал за обновливи извори на енергија. Но никој не ги ни спомна 9 месеци откако се на власт новиве. Никој не ни барем излажа дека ќе се развиваат овие потенцијали. Никој не ни размислува да ги развива овие сектори кои се пресудни за да застанеме на здрави нозе и да прогресираме.
Ете, имаме каков-таков закон за употреба на канабис за медицински цели. Еве, нека ја убрзаат работава и да го легализираат и за рекреативно. Барем туристи ќе клапаат ќеш овде. Инстантно ќе се зголеми туризмот, и ем нема да се фрлаат пари за корупција на полиција, ем криминалциве што се бават со тоа ќе имаат легален бизнис, ем повеќе даноци... пунење на каса... И онака шунд,дрога,кич и дно на секоја страна... барем да му текнеше на некој да го искористи ова.
Нека го стимулираат одгледувањето на индустриски коноп, може СВЕ ДА СЕ ПРАИ со тоа, башка е еколошко и модерно да се праат производи од коноп (од облека, јажиња, све и свашта). Барем ќе има малце паричка и за селскиот земјоделец малку од малку.
Ама неможеш тоа да го продадеш овде на оваа глупа и проста маса што е уште заглавена у 19ти век и антика, и се пали на тоа дали ќе се тргне споменикот на УЧК у чаир, на национализам, концепти и замисли. Имаш фаци кои што се палат на ТЕРОРИСТИ што убиваат и убивале. Имаш фаци кои се палат на ЌОСЕТО. имаш фаци кои праат целодневен медиумски евент и догаџај од факинг ќосето, као демек види ги овие претходниве што праеле. Господе сачувај.

Македонија мора рационално да размислува и да воведува инвентивни мерки за да се извади од гомнава.
Потребно е западот, доколку има чисти намери спрема нас, да сфати дека мора да поддржи НОВА ТРЕТА И ПРОГРЕСИВНА ОПЦИЈА, која што нема да има допирна точка со моменталниве политички фазони и практики. МОДЕРНА ЗАПАДНА ПАРТИЈА, а не удбашка или циашка структура која ќе функционира на дугме. Или, тргање на сите политички фигури кои егзистираат моментално, и нивна замена со нови и прогресивни млади дечки. Долгорочен план за реформирање на македонските политички партии. Тоа е најпотребно.
 
V

viktora

Гостин
И поради невозвратена љубов.
Не е до љубов,до здравиот разум е.Одговор на пијаницата зошто не го руши споменикот на УЧК.
http://www.skopjeinfo.mk/shilegov-spomenikot-na-uchk-e-rabota-na-opshtina-chair-i-transport-i-vrski

Чаир не ли е во Скопје?Добро бе на што ли размислувавте кога го гласавте пијаницава?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Не е до љубов,до здравиот разум е.Одговор на пијаницата зошто не го руши споменикот на УЧК.
http://www.skopjeinfo.mk/shilegov-spomenikot-na-uchk-e-rabota-na-opshtina-chair-i-transport-i-vrski

Чаир не ли е во Скопје?Добро бе на што ли размислувавте кога го гласавте пијаницава?
За време на Грујо се поставува (ќутат сите) - пијаницата е крив што не го рушил :pos:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.375
Поени од реакции
84.618
Ne kjutea site. Eve vie brcevte, ne da brcevte madinjata ni gi potekovte.
Arno ama sega nesto baagji tivki ste :cautious:
Кога храбрите патриоти во времето на најголемата апсолутна власт на господинот Груевски не успеаја да го тргнат орелот, па зарем тоа да го очекуваме од предавничките комуњари сега?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom