Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Мислам дека проблем број еден во нашиот тим е Вудвард и потоа следува Мурињо и неговиот темперамент и антифудбал, и на трето место доаѓаат играчите...
Вудвард мислам дека е фудбалски неписмен човек и него го интересираат само финансиите, заработката и маркетингот, инаку сметам дека е лош преговарач за тоа што секој трансфер за кој играч и да се работи трае ко шпанска серија..(без разлика дали се работи за него или представници за кои тој е надлежен)...
Мурињо никогаш не сум го сакал, ама кога веќе е наш тренер го поддржував, мислам дека тренерската кариера 90% му е базирана на психологија на противничкиот тим, и 10% на неговата филозофија односно тренажен процес... според мене тој воопшто не се фокусира на Јунајтед, за тоа тимот понекогаш изгледа безидејно ко прв пат играчите топка во нога да фаќаат.. иако се работи за големи таленти кои требаше да решетаат до сега, не оти сум симпатизер на Јунајтед ама физички изгледаат многу по способни од Салах,Фирмино,Мане,Вајналдум, а на овие секоја и чест за постигнатото...
Исто мислам дека Мурињо е премногу себичен, кога победува тогаш тој е главниот и го јаде шлагот, кога губи секогаш некој трет му е виновен, она што му треба на Јунајтед е фудбалски ''образован'' директор на местото на Вудвард, кој ќе притиска да се врати и да еволуира играта од минатото на клубот, а кога некој му прави притисок на менаџерот, ќе најде начин тоа да го направи ..Јунајтед е бренд кој секако ќе заработува пари не му е потребен Вудвард.[DOUBLEPOST=1519338526][/DOUBLEPOST]https://streamable.com/jyhjn
Вудвард си ги тера финансиите. Фудбалска задача му е само да ги договара трансфер желбите на менаџерот.
Засега не знам зошто го гледаш како проблем кога одлично си ја врши работата. Со никакви фудбалски успеси изминативе сезони човекот го брендира Јунајтед на многу високо ниво и финансиски го прави супериорен. Во поглед на трансферите скоро и да ги реализира сите желби на менаџерите со чесни исклучоци и можеби некаде плати нешто повеќе, но тоа е поради налагањето на трансфер пазарот, а со оглед на тоа што ги бележи успесите на финансиски план си има кредит човекот да си прави такви луксузи. Плус и во поглед на самите трансфери има воведено маестрален ПР и маркетинг тим кои успеваат да возвратат со генерирање на приходи. Успеа да донесе еден куп високи спонзорски договори кои уште толку ја додаваат вредноста на неговиот кредибилитет за финансиската работа на клубот. Засега е одличен според мене.

Од друга страна одговорноста на фудбалски план оди кај Мурињо што е факт. Засега од неговото назначување е забележлив напредок и стабилност во поглед на пост САФ ерата, но не е изразено на високо ниво. Човекот си има добро познат карактер и фудбалски поглед и не измислува топла вода кај нас во поглед на неговата кариера во претходните негови клубови. Добро ни се познати неговите мани. Засега има трпение кај мене, но ако се доведе во прашање пласманот во топ 4 до крај на сезоната тогаш мислам дека не би бил толку трпелив зошто 2 сезони по ред надвор од топ 4 е неприфатливо(Секако ако успее да освои ЛШ, би му простил лош пласман во ПЛ [emoji16]). Верувам дека на тимот му фалат уште неколку делови од слагалицата за да биде комплетен и уште повеќе конкурентен. Но што е, тука е...Моментално нема на пазарот адекватна алтернатива која ќе го крене нивото на Јунајтед и до тогаш доколку околностите и резултатите се прифатливи подобро е да остане Мурињо пред се поради константноста и стабилноста на клубот.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Вудворд си ја работи работата, која му е дадена и мора да се каже , успешно! Тоа што ние гледаме дека тркала само комерција е наш проблем, не негов :)
Јас бев против Мурџо и сега сум од проста причина што нема смисла да направи тим што игра фудбал убав за гледање. Се му е уштиркано, закочено и прилагодено кон моментот. Не сфаќа дека играчите не се роботи па да ги прештелуваш, посебно за секоја утакмица. Затоа после Интер, скоро секаде имаше озбилни проблеми, со голем број од фудбалерите.
Добро е што кај нас издејствува неколку јаки трансфери, е сега што за ништо не ги користи и пак носители на игра му се поранешните играчи, треба здраво да се замисли:(
 
Ме уби со аргументи, просто не знам на каде да фатам :facepalm:
Аргументите твои се никакви. Прво ја критикуваш филозофијата од Мурињо,за што си во право а после тоа очекуваш Марсијал и Лукаку да растураат. Не оди тоа така поради фактот дека тимов напаѓа со тројца играчи па логично е да немаат ефект. Лукаку не е играч што треба да ја издрибла целата одбрана 5 пати во утакмицата и да даде гол,некој треба да искреира шанса. Марсијал е подобар играч од сите во тимов моментално а мртвион му го одзеде првотимскиот статус,така да не ми е оправдан хејтот.
 
Посочи ми на која утакмица Марсијал почнал од 1ва минута и притоа имал екстра перформанс? За разлика кога влегува од клупа на 70-80% од мечевите се истакнува над другите.
И да.. на Лукаку работа му е да дава голови а не да креира шанси но не со утнати 9 шанси а 1 реализирана.
Затоа и реков дека е добар. WorldClass шпиц и од полушанса го загрозува противникот, ете имаше некој назад за РВП пишано.
Пример некни Барса ја искористи ЕДИНСТВЕНАТА грешка на Челзи и ради таа минијатура изледа ќе се пласира понатаму, а не противникот да напраи милион грешки па неколку да се искористат.
 
Евертон у гости на пример.Човекот има 3 или 4 играч на месецот награди сигурно не му се од небо паднати и со просек од 10минути по утакмица.И да Алексис со ништо до сеа не покажа зашто треба да е прв пик пред најдобриот и најконстантен наш играч сезонава, освен нели реномето и платата.Ако претходно игравме без десно крило сега играме без крила, и за тоа е најкрив мурињо.Ама ај здраво е за конкуренцијата, проблемот е што ништо не играме сега.

Убаво рече некој, носталгијата е тапа ствар, се памтат само убавите моменти.Рвп имаше килер инстинкт ама и он утињаше шанси и беше пцуен поготово во последната сезона.Лукаку е скејп гоат, 110 посто дава, подобрен е и учествува во градење шанси за разлика од лукаку пред година дена кој беше таргет мен.Не викам дека е којзнае кплку зависна играта од него ама се има значително подобрено у тој дел.Башка има 21 гол и 7 или 8асистенции што воопшто не е лошо.

ПС: Не плачевте волку лани кога Ибра утињаше по 2 зицери на секоја утакмица, јер Ибра е ибра ...
 
Последно уредено:
Посочи ми на која утакмица Марсијал почнал од 1ва минута и притоа имал екстра перформанс? За разлика кога влегува од клупа на 70-80% од мечевите се истакнува над другите.
И да.. на Лукаку работа му е да дава голови а не да креира шанси но не со утнати 9 шанси а 1 реализирана.
Затоа и реков дека е добар. WorldClass шпиц и од полушанса го загрозува противникот, ете имаше некој назад за РВП пишано.
Пример некни Барса ја искористи ЕДИНСТВЕНАТА грешка на Челзи и ради таа минијатура изледа ќе се пласира понатаму, а не противникот да напраи милион грешки па неколку да се искористат.
Секако дека Марсијал на почетокот имаше помал удел во играта кога Јунајтед се брани длабоко на своја половина . Па он треба да покрива на шеесет метри од противничкиот гол и да шпринта напред. Епа не може така. Кога ќе научи да го користи максимумот од играчите, тек тогаш ќе вроди со плод играта.
Добар пример беше периодот пред да дојде Санчез. Ги изгубија шансите за титула, почнаа да играат фудбал (не беше којзнае што ама личеше на нешто, пас игра имаше)

Најпросто, Мурџо со виљушка сака да срка супа.
 
Не можам да го гледам рогањето топки напред, не го можам паничењето дури ни кога играме мал фудбал, а не пак во екипа која е составена од топ фудбалери.

Ако фудбалската филозофија почнува од одбраната, тогаш, ние сме го ебале ежот. Под притисок никогаш не сме изнеле топка по земја, што автоматски го прави средниот ред неупотреблив, за транзиција од одбрана во напад и да не збориме. Рогни ја напред до Лукаку, па он сам нека се снаоѓа.

За него ми е и најкриво, дечкото е дежурен кривец, а завчера играше со Мата и Алексис, кои по висина не му се ни до слезенка, и он треба на нив да им спушта топки.

Не знаеме кај тераме како клуб во поглед на избирање на играч во поглед на дефицитарност на играчки кадар. Го земавме Санчез да игра на местото на Марсијал, Мата и понатака ке го играме крило, иако не е крило и природно си бега накај 10-ка, и имаш 3-ци играчи кои можат да играат лево крило, а десно крило немаш ниту еден. Сега ке требало уште еден во средина, од типот на Крос, за да може Погба да дојде до израз :pos:

Санчез и Погба се прескокнуваат на таа лева страна кога Погба игра во тројка во средина, а десната страна пак не постои. А и не можам да го гледам овој пичкарски пристап, зашто Мурињо до сега требаше да има играчи за да може да се надигрува со било која екипа во светот. Нема, како да кажам, urgency во играта, не го знам зборот на македонски. Почнуваме утакмици како да е 80-та минута и да водиме 2-0. Кога сме почнале фуриозно во првите 15 минути? Сем Арсенал, ако може да се каже така.

Очекував огромен напредок сезонава, ама има премногу мечеви на кои сме очобол, и што е најжално, гледам играчите некако влегуваат во оваа "филозофија" на Жозе. Стегнато, во грч. Жално е што тимов може многу повеќе офанзивно, ама кочницата е на клупа, и тоа е ми е криво.
 
Последно уредено:
Посочи ми на која утакмица Марсијал почнал од 1ва минута и притоа имал екстра перформанс? За разлика кога влегува од клупа на 70-80% од мечевите се истакнува над другите.
И да.. на Лукаку работа му е да дава голови а не да креира шанси но не со утнати 9 шанси а 1 реализирана.
Затоа и реков дека е добар. WorldClass шпиц и од полушанса го загрозува противникот, ете имаше некој назад за РВП пишано.
Пример некни Барса ја искористи ЕДИНСТВЕНАТА грешка на Челзи и ради таа минијатура изледа ќе се пласира понатаму, а не противникот да напраи милион грешки па неколку да се искористат.
Пушти ги последните 10 утакмици пред да дојде Санчез ќе видиш какви перформанси имаше Марсијал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom