Мурињо нема очигледно идеја што да игра со Санчез. Мата е дух. Требаше Марсијал и Рашфорд да влезат и за 10 минути да живне играта. И Погба и МекТоминеј со повеќе идеи за проигрување кога влегоа овие двајца на терен.
Санчез сака да игра, гори од желба, ама многу топки потроши денес беспотребно. Разбирам дека сака да игра и да се докажува, но не знам дали е до него проблемот или гејм-планот на Мурињо засега не го има погодено за него. Нека го проба и зад напаѓач, па и напаѓач некој меч. Зошто да не и десно крило да го видиме.
Марисјал е најголема жртва од трансферов на Санчез засега. Се гледа дека комотно може да си поигурва со противниците по лева страна и упорно Мурињо го кини на клупа. Поготово што против Хадерсфилд викендов стартуваа и Санчез и Мата.