A
Avenger99
Гостин
Не ми ја разбираш поентатаВината што денес се произведуваат во Македонија се миљон пати бољи од вината што се произведуваа во Македонија за време на СФРЈ.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Лозарството беше реонизирано, се знаеше во кој реон која сорта е препорачана и треба да се сади.
Во Охридскиот регион имаше преку 300 хектари лозови насади од висико квалитетни сорти( Каберне Совињнон, Мерло, Бургунден Црн, Совињон, Семијон, Ркацители, Жупљанка, Мускат Отонел). Денес од тие насади нема ништо, се е речиси уништено.
Битола го имаше најдобриот Ризлинг во Македонија, Скопско Прокупец итн..
Денес гледаме како на 45 степени во Тиквешијата се сади Бургундец Црн и Совињон и како таков се претставуваме во светот. Не! Тоа е погрешно, многу погрешно. Тоа се сорти кои сакаат поладна клима, кои даваат одлични резултати на поладни подрачја. Затоа Нов Зеланд има толку добар и баран Совињон Бланк.