T
Terroir
Гостин
А и реално не се баш достапни сите вина кај нас, обични големиве имиња како Тиквеш/Стоби и слични ги условуваат поголемите маркетите па и угостителски објекти да форсираат нивно вино така да помаливе тешко се пробиваат на домашен пазар..Да кажеш дека тгата е најдобро вино од македонските винарии, треба:
1.Да си тотален непознавач на виното
2.Да не си пробал друго вино
3.Да си тежок бренд сноб
Иначе, домашното вино, никогаш ама баш никогаш неможе да биде на рамниште со тоа од винариите. Прво, работат енолози кои ја разбираат работата, винариите садат лозови насади онаму каде што е тероарот најдобар, во консултација со ампелографите, додаваат скапи енолошки средства за подобрување на квалитетот на виното и истакнување на неговата сортност и тероар.
Речиси сите винарии имаат солидни вина, за жал, македонецот е премногу ограничена личност за да проба повеќе од 5 вина од 3 винарии од Македонија.
Инаку тгата е онака баш просек вино, може да биде најдобро за некој што до вчера пиел само домашно