Од винарии:
Попов
Камник
Далвина (се исплати ако гледаш од аспект - колку пари, толку музика)
Од сорти, зависи кој што си сака.
Ја сакам Сира, Вранец и Каберне Совињон. Барици.
Овие погоре првите две фирми имаат секогаш добри барици од тие сорти. Ефтино а добро е кувето на Камник, што го продаваат од по пет литра. Гранд кувето на Попов и др.
Не сакам Мускат, Траминец, Ризлинг.
Мразам Розе.
Дно фирми се Бовин, Сковин и Тиквеш.
Мнозинството од другите ми се измеѓу, со тоа што има уште неколку лошички на ниво на овие три, па и полоши.[DOUBLEPOST=1519244742][/DOUBLEPOST]
Абе домашно вино е најубаво.
Па скоро и да нема домашно вино кое е барем на ниво на просечните винариски.
За вино ти треба енолог, не селски марифети.
За ракија е друга приказна. Скоро и да нема купечка/фабричка ракија која е добра колку домашните просечни.
Оваа година "на кроење", за Св. Трифун, бев кај неколку винарии доле и ми се чини дека сите имаат подобри вина од другите години што имале. (се пробуваа овогодинешните)