Поголемиот објект е костурницата а помалото е црквичката ?
Некако вака од видеово и бидејќи знаеме дека биле во црквичката и гледајќи ги излезите од дворот, за да отидат таму кај што ги нашле а да не се вратат по истиот пат, или отишле да бараат некој, или ветерот бил прејак па можеби сакале привремно да се скријат или пак можеби сакале да ја разгледаат околината и се изгубиле. Бидејќи претпоставувам ако си влегол од еден правец во дворот а сакаш веднаш да се вратиш пак ќе го фатиш истиот правец. Можеби и во тој случај ќе залуташ при такви услови но не на сосема спротивна страна.
Колку што сум ги читал извештаите на претходните акции на овој терен, прво се оди во капелата/црквичката, па потоа во костурницата која е лево од црквичката и е во правец на губењето (црквичка-костурница-местото на губење). Скоро сигурно забегале на десно од како излегле од црквичката/капелата.
Што не го коментираш ланското зимско качување на Титов врв? Истиот Трансверзалец го објави на фејсбук како и секој настан, како поетско читање, па имаше две спасувања со хелихоптер, спиење на -20 под врвот и уште потенцијал за други срања.
Повредата на Кико беше пред настанот организиран од Трансверзалец. По таа логика, најкрив е П.К. Љуботен што организира традиционално искачување на Титов Врв, па макар што тоа го организираат во мај а не во декември.
Ене мајката со ќерката дури и се налутила зашто некои им е дозволено да отидат а нејзе забрането, во тој момент не ни помислила на опасноста туку едноставно да ја постигне зацртаната цел да го "ИСКАЧИ" (а не освои) врвот.
Истото ми се случувало и мене, не мислиш на враќање, само да се достигне зададената (од себе) цел.
И после на враќање сум се чудел кој будала сум бил и каде се сум поминал
И дали Александар и Калина се придружувале до правилата, дали Александар и Калина (Слава им) послушале кога им се кажало се враќаме назад. Калина дури цело време претходно кажувала да се вратат (женската интуиција проработела) но што си кажале со Александар, Дејан и Благоја тоа ние нема да го дознаеме.
Постои шпекулација дека Калина како водич и Александар како носител на радио станицата биле додадени на петчлената група која сакала да се искачи за да се остане во врска со нив, ама да повторам, тоа е само шпекулација.
Го немало Александар еден од поискусните во групата и јас да сум бил на местото на Москито би направил со уште неколку други проверка до црквата и назад. Како што и претходно други кажаа толку време им требало и после пријавиле. Грешка направиле што не јавиле одма на таткото на Александар ама биднало веќе.
Се согласувам, веројатно исто би постапил. Само не знам зошто го спомнуваш таткото на Александар, истиот не бил таму, а влијанието не би му помогнало побрзо да се мобилизира и стигне екипата од Солун.
НЕ сум правник па не знам како иде процедура, но штом има мртви лица, истрага ваљда мора да има. А што ќе се докаже ќе видиме. Баш тогаш изјави ќе дадат и Дејан и Благоја и Москито и останати, па ако излезе на виделина ќе бидеме на јасно.
Кога и да има насилна смрт, истрага мора да има, па макар била само препрочитување на претходните сознанија од службите во Грција.
Bafra напиша:
Како што кажа и Анон, ако не добиле наредба а според мајката најверојатно на своја рака продолжиле сепак 100 метри се во прашање, рамен простор (а и да добиеле, нормално можеш да одбиеш) москито за ништо не е виновен.
Истите оние мајка и ќерка со неразгазени чевли поради кои колоната се развлекла и покасно се поделила на две групи ??
Што све нема да прочиташ поназад на темава.. требало специјално одобрение од МВР на Грција за наши специјални единици ДА ЈА ПОМИНАТ ЗАМИСЛЕНАТА ЛИНИЈА НАРЕЧЕНА ГРАНИЦА за да бараат изгубени ЛУЃЕ под снегот на грчка територија на 2.500 метри нмв на ебената планина. Во спротивно тоа се сметало за агресија на противничка територија.
Посебен закон да се изгласало во вакви вонредни ситуации. Бог да чува.
Никој не те тера да читаш.
Бај д веј, пробај со туѓа униформа без дозвола да влезеш во друга држава, па кажи ми какви им се затворите.
Инаку разговарав со спасувачите од ГСС во мојот клуб и изгледа грешам околу појасот. Најверојатно се работи за спасувачки појас кој се врзува околу телото под мишките за да може полесно да се извлече човек со него.
Полесен е за поставување, ама проблем е што од него полесно можеш да излизгаш.