Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Според грчкото барање за обдукција на телата, Калина не давала знаци на живот што веројатно значи дека не била свесна/контактибилна, па претпоставувале дека е веќе почината. Не тврдат во барањето дека била, само се воделе под претпоставка.

И не биле 5 метри, него 10-15 најмалку. Најверојатно не се симнал никој од нив, него само го спуштиле појасот и Александар сам се врзал. Зошто не се спуштил некој од нив откако се откачил појасот нема одговор, веројатно сметале дека е ризично и дека може и симнатиот да не може потоа да го извлечат. Веројатно резултатите од обдукцијата, а понатаму и истрагите ќе дадат повеќе одговори.
https://www.facebook.com/TVTelma/videos/2072412879441960/?hc_location=ufi
Како спасувач може да претпостави дека некој е починат без да провери ? Значи и ние може да претпоставиме дека била жива но неконтактибилна и дека не се ни потрудиле да ја спасат ?
 
Како спасувач може да претпостави дека некој е починат без да провери ? Значи и ние може да претпоставиме дека била жива но неконтактибилна и дека не се ни потрудиле да ја спасат ?

Да, можеме. Јас само ти пренесувам што е напишано во барањето за обдукција. Не се тврди дека Калина веќе била почината, само се претпоставува. Нема детали ни дали се обиделе да ја извлечат неа.
 
Според мене не е можно Александар сам да се врзал , кога кажуваат дека имал знаци на живот , значи знаци а не дека бил физички способен да се врзе сам . Поверојатно е некој да се спуштил таму и видел дека Александар е жив но несоодветно го врзал или пак во влечењето на нешто закачиле.[DOUBLEPOST=1519129877][/DOUBLEPOST]
Да, можеме. Јас само ти пренесувам што е напишано во барањето за обдукција. Не се тврди дека Калина веќе била почината, само се претпоставува. Нема детали ни дали се обиделе да ја извлечат неа.
Обдуција се врши на мртво тело .
Претпоставуваат во полицискиот извештај а не во медицинскиот.
 
Според мене не е можно Александар сам да се врзал , кога кажуваат дека имал знаци на живот , значи знаци а не дека бил физички способен да се врзе сам . Поверојатно е некој да се спуштил таму и видел дека Александар е жив но несоодветно го врзал или пак во влечењето на нешто закачиле.[DOUBLEPOST=1519129877][/DOUBLEPOST]
Обдуција се врши на мртво тело .
Претпоставуваат во полицискиот извештај а не во медицинскиот.

Не е ниту полициски, ниту медицински извештај, туку барање за обдукција на телата. Наведени се повеќе детали околу случувањата во текот на денот, почнувајќи уште од првичното искачување на групата до врвот.

За Александар стои дека бил свесен, што најверојатно значи дека можел и сам да се врзе.
 
Не знам дали ми се причинува, може грешам зошто слаб е квалитетот и аголот е лош но на видеото каде што ги вадат телата, на едното ми делува како да му е поставена боца со кислород од оние со мал капацитет, што ако се испостави како точно делува дека спасувачите не претпоставувале дека се мртви.
 
Мислам дека сте/сме збунети, Александар најверојатно бил свесен кога било спасувањето и можда он им кажал дека Калина не покажувала знаци и сам се врзал, а во извештајот беше наведено дека покажувал знаци на живот следниот ден при финалното извлекување, она што Illumious го приметила со боцата.
 
Покажувал знаци на живот при првото извлекување во 22 часот . Наредниот ден се извлечени мртви тела . Наредниот ден нема теорија да покажувал значи на живот .Ако е вистина тоа со боцата тогаш е ставена вечерта.
http://mms.mk/news

Ова покажува дека спасувачите се откажале од понатамошна потрага и дури следниот ден во 13 часот како што пишува во барањето ги извлекле телата и пренеле во болницата во Воден. Според она што го пишува таму Александар бил пронајден 40 тина метри погоре од Калина која била затрупана со метар и пол снежен нанос.
 
Мислам дека сте/сме збунети, Александар најверојатно бил свесен кога било спасувањето и можда он им кажал дека Калина не покажувала знаци и сам се врзал, а во извештајот беше наведено дека покажувал знаци на живот следниот ден при финалното извлекување, она што Illumious го приметила со боцата.
Никој не е збунет. И во ваква несреќа има ликови што со погрешна (не знам како точно да ја наречам) реакција на спасувачите, ќе ја исперат одговорноста на некој "спремен".
Во случај на катастрофален земјотрес, криви се спасувачите што нема да спасат некого или геолошките сили што го предизвикале?
Не ги амнестирам грците...ги видовме условите на видеото - е тоа они го праеле во ноќно време. Кои им се шансите да згрешат? - огромни! Да не кажам дека се самите посвесни за ризикот за својот живот од токмакот што мораше по секоја цена да ја изведе оваа "акција живота"...ќе му паднеше круната со неосвоен Кајмакчалан покрај К2 и Монт Еверест.
Инаку хелихоптер на ветер над 60-70 саат не може ни да полета, не па да ви дојде на помош. Да беше така лесно од Хималаи ќе си ги вадеа планинарите како играчки.

Планинарскиот појас за кој дискутирате, ако е алпинистичкиот, тој е Y и се облекува преку целата облека како гаќи и со карабинери е врзан за јажињата со кои би го извлекле. Прашањето е дали му спуштиле таков (не верувам дека носел) или само со импровизиран систем од чворови се обиделе да го извлечат и колку бил физички истоштен да може свесно да напраи сигурна наврска. Затоа се неопходни вештачења, истраги...а не вака да си мудруваме на форум. Од наша страна планината не е достапна ни за војската, што доволно кажува за нашето импровизирано калакурница општество, на истата граница низ која ни пројдоа милиони бегалци. Да не била грчката спасителна, нашите со магариња ќе тргнеа после 7 дена од Скочивир и ќе испозагинеа во акција за спасување.
 
Не мора со карабинер, може и со вплетена осмица да се врзе.
Таа постапка ја применуваме и при качување на болдер.
 
Не мора со карабинер, може и со вплетена осмица да се врзе.
Таа постапка ја применуваме и при качување на болдер.
Дали е тој принципот при спасување? Ако е повреден дали може да го извлечат без дополнителна повреда?
 
Дали е тој принципот при спасување? Ако е повреден дали може да го извлечат без дополнителна повреда?
зошто немам никакви алпинистички познавања, од тие медицински што ги имам, оној начин на имобилизирање на телото каков што видовме на видеата е најадекватен ако немаш информации дали се претрпени тешки повреди, како скршена карлица, клучна коска, ребра итн.
 
Не знам брат, зимава требаше да поминам некоја клубска обука за спасување, ама уште не сме ја реализирале.

Она што го поминавме на обуката за водичи беше само најосновното, базично извлекување и прва помош, со напомена дека не смееме самите да ги извлекуваме во случај да имаат повреди на вратот.
 
Последно уредено:
Мислам дека сте/сме збунети, Александар најверојатно бил свесен кога било спасувањето и можда он им кажал дека Калина не покажувала знаци и сам се врзал, а во извештајот беше наведено дека покажувал знаци на живот следниот ден при финалното извлекување, она што Illumious го приметила со боцата.
При првиот обид во 22 часот покажувал знаци на живот.
Ако одиме по извештајот на грците, онаа слика со документ и со печат, тогаш во 10 сабајле се пронајдени мртви и извлечени во 13 часот и затоа бараат да се направи обдукција за да се утврди за колку време настанала смртта.

Ако Александар е тој со раката на лице што изгледа како да држи боца, тогаш тоа тело е полуголо и е пронајдено на растојание од 40 метри, а Калина во метар и пол снег. Текстот што на претходните страни беше нејасен за тоа кој беше пронајден полугол/а, а кој во метар и пол снег.
 
зошто немам никакви алпинистички познавања, од тие медицински што ги имам, оној начин на имобилизирање на телото каков што видовме на видеата е најадекватен ако немаш информации дали се претрпени тешки повреди, како скршена карлица, клучна коска, ребра итн.
Ама види, една е опцијата ти сам да се осигураш и да си способен за маневрирање. Ова што го гледаме на видеата се учи на зимска школа, се праат преврски преку телото со соодветни чворови, ама до повредениот доаѓа човек кој ги праи тие маневри. Треба да му е фиксен вратот, 'рбетот (знаеме отприлика). Овој појас за кој зборите е (ако е тој) е основа - тој се носи при качување ферати, при алпинизам и мислам дека во зимски услови (по пропис) е да се носи....зборев претходно на какви тури - оваа реално не било планирано да биде таква (не го ни има наклонот)....сега шпекулираме ептен. Ќе покаже истрагата како било.[DOUBLEPOST=1519137030][/DOUBLEPOST]
Не знам брат, зимава требаше да поминам некоја клубска обука за спасување, ама уште не сме ја реализирале.

Она што го поминавме на обуката за водичи беше само најосновното, базично извлекување и прва помош, со напомена дека не смееме самите да ги извлекуваме во случај да имаат повреди на вратот.

Да ти кажам, јас имам некој стаж и познавања, ама би се пријавил на такви обуки заради себе. Многу погрешно е што после таква обука си печен за водич. Тоа е еден од суштинските проблеми. Калина....секоја чест, напишав и порано, многу ми е жал, ама била многу млада и таа водичка лиценца само мислам дека и вбризгала самодоверба која испадна дека некогаш не значи ништо. Жал ми е за тоа.
 
Во суштина водичите и не би требало да учествуваат во извлекување, бидејќи за тоа би требало да постои ГСС со опрема и обука баш за тоа. Ние би можеле да бидеме само логистика во такви операции.

Тоа што кај нас ГСС не функционира, тоа е сосема друг проблем кај нас.

Инаку се трудам да посетувам што повеќе обуки, иако не ми се задолжителни. И зимава бев на обуката што ја организираше Макпетрол за движење во зимски услови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom