Според грчкото барање за обдукција на телата, Калина не давала знаци на живот што веројатно значи дека не била свесна/контактибилна, па претпоставувале дека е веќе почината. Не тврдат во барањето дека била, само се воделе под претпоставка.
И не биле 5 метри, него 10-15 најмалку. Најверојатно не се симнал никој од нив, него само го спуштиле појасот и Александар сам се врзал. Зошто не се спуштил некој од нив откако се откачил појасот нема одговор, веројатно сметале дека е ризично и дека може и симнатиот да не може потоа да го извлечат. Веројатно резултатите од обдукцијата, а понатаму и истрагите ќе дадат повеќе одговори.
https://www.facebook.com/TVTelma/videos/2072412879441960/?hc_location=ufi