Не. Словенија имаше највисок бдп во Југославија. Главниот изговор за кавгата на последните седници на Савез комуниста беше нерамномерната распределба на парите. Парите од даноците и приходи од извоз одеа во Белград, а реално Словенија имаше производство што одеше за извоз. Словенците отворено викаа „или следете не економски или чао!“. Ова не е рекла-казала. И ден денешен човек да вози низ поранешна Југославија, и со лузните од војните, па се гледа нерамномерната развиеност на одредени региони. Главната разлика е меѓу нив и сите останати е организацијата и вољата за работа. Словенија е држава што е репер во Европа, а за Балканов е поим недостижен. И да престанеме да се лажеме за наше „лидерство“ во некаков регион.Таков беше текот на настаните, такви беа приоритетите на надворешните фактори...Словенија, Хрватска, учкарите беа поагилни, Босна е хаос што никогаш никој нема да го опраи, Црна Гора е посебен случај (меѓутоа, многу мудро контролиран) и ние сме утепани и заспани. Има нешто што не сме го помислиле никогаш, а не е толку нереално. Да не беше ЈНА ангажирана на запад, да не беше Бугарија тазе излезена од тврдокорен комунизам, исцедена, сиромашна, поразена (исто и Албанија) и грците да беа малку повеќе испровоцирани - имаше такви добри услови баш на наша територија да се раскурцаат на почеток на 90-ти години и да истераат уште една балканска. Ние ќе си бевме неми посматрачи и ќе се тепавме меѓу себе.
Со жалење констатирам дека од оваа територија не искочила ниту една идеја, самосвест, гордост, веќе повеќе од пола век. Ако некогаш тоа било ВМРО, она автентичното со вистински космополити и филозофи би ги нарекол, ако КПМ успеала да извади тоа што извадила со игра на вистинската страна, победничката - прогласила прва македонска држава - после тоа све е мувла, ќоро, сакато.
Не беа изгубени 30 години - тие беа тест дали сме способни да се саморегулираме - очигледно дека не сме.
Заев ќе го наплати ова сигурно, ама лично. Толку време е актуелно ова со името, а не слушнавме ништо за возврат, макар и лага (што најчесто е).
Останува јасно зошто толку години во политикава егзистираат исти ликови и покрај недостатокот на лична харизма, способност и моќ да поведат нешто конкретно. Не се ни трудат со некаква идна „придобивка“ - „Дојдов и сменив име на автопат“ - ок, и мене ми е докурца од името на автопатот, ама дел од кој план е тоа? Утре ќе дојде некој и ќе го врати ако ништо не се реши. Ако си мудар ќе го стаиш како „голема болка и загуба“ во некој нареден договор утре и ќе бараш нешто за возврат на тоа, а реков и порано - да не ги трошеше паторот тие џокери позицијата на муртинскиов ќе беше многу поповолна...ама тие ни се судбината.
Не 20%, што рече вчера silmarillion,на следни избори не смее 2% од народ да им излезе да гласа...нека си е**т мајката.