И ова, од пред десетина дена...
Ципрас: Ќе го решам спорот со името, без оглед на штетата што ќе ја претрпам
Во интервјуто за весникот Ефимерида, грчкиот премиер Алексис Ципрас ги обвинува Мицотакис и Самарас дека во 90-те години се занимавале со сериозно национално прашање, како што е спорот со името, од позиции на „теснопартиска мизерија“.
Ципрас вели дека Неа Демократиа водеше и сѐ уште води теснопартиска политика со цел да освои симпатии и гласови на кратки патеки, а не долгорочно да ги реши националните прашања на Грција.
„Затоа, јас сум тој храбар човек кој ќе го реши ова прашање, без оглед на тоа колку ќе изгубам потоа на политички план“ – вели Ципрас во интервјуто.
Грција е поделена во моментов. Од едната страна се политичките сили кои се за решение на спорот со името по пат на компромис, меѓу кои е и самиот премиер Ципрас, поддржан од архиепископот Јеронимос, кој му даде поддршка да го реши проблемот со името и дека протести не се потребни во овој момент. Од друга страна се националистите, меѓу кои и опозициската Неа Демократиа и митрополитот Антимос од Солун. Тие не сакаат ни да слушнат за компромисно решение според кое името би го вклучувало терминот Македонија.
Таа поделеност на грчкото општество се гледа и во социјалните мрежи и очигледната војна на зборови на дијаметрално спротивставени гледишта. „Не ја даваме Македонија“, „Ние сме Македонци“ се најчестите слогани на националистите.
„Овој националистички кич мора да заврши!“ – велат приврзаниците на опцијата да се постигне компромис и да се дозволи терминот Македонија во името. Најпопуларно е решението Вардарска Македонија меѓу оние што се противат на националистите. „Треба да се оди напред“ – велат тие и ги обвинуваат националистите за лажен патриотизам.
Од сите тие, интересно е да се издвои еден пост на Фесјбук, според кој „сите се лицемери“. „Од една страна, одите да купите зеленчук и нафта, да си ги поправите забите и да ги посетите казината во МК, а сега сакате да протестирате против МК“ – се вели во постот.