Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.381
Поени од реакции
8.990
И ова, од пред десетина дена...

Ципрас: Ќе го решам спорот со името, без оглед на штетата што ќе ја претрпам

Во интервјуто за весникот Ефимерида, грчкиот премиер Алексис Ципрас ги обвинува Мицотакис и Самарас дека во 90-те години се занимавале со сериозно национално прашање, како што е спорот со името, од позиции на „теснопартиска мизерија“.

Ципрас вели дека Неа Демократиа водеше и сѐ уште води теснопартиска политика со цел да освои симпатии и гласови на кратки патеки, а не долгорочно да ги реши националните прашања на Грција.

„Затоа, јас сум тој храбар човек кој ќе го реши ова прашање, без оглед на тоа колку ќе изгубам потоа на политички план“ – вели Ципрас во интервјуто.

Грција е поделена во моментов. Од едната страна се политичките сили кои се за решение на спорот со името по пат на компромис, меѓу кои е и самиот премиер Ципрас, поддржан од архиепископот Јеронимос, кој му даде поддршка да го реши проблемот со името и дека протести не се потребни во овој момент. Од друга страна се националистите, меѓу кои и опозициската Неа Демократиа и митрополитот Антимос од Солун. Тие не сакаат ни да слушнат за компромисно решение според кое името би го вклучувало терминот Македонија.

Таа поделеност на грчкото општество се гледа и во социјалните мрежи и очигледната војна на зборови на дијаметрално спротивставени гледишта. „Не ја даваме Македонија“, „Ние сме Македонци“ се најчестите слогани на националистите.

„Овој националистички кич мора да заврши!“ – велат приврзаниците на опцијата да се постигне компромис и да се дозволи терминот Македонија во името. Најпопуларно е решението Вардарска Македонија меѓу оние што се противат на националистите. „Треба да се оди напред“ – велат тие и ги обвинуваат националистите за лажен патриотизам.

Од сите тие, интересно е да се издвои еден пост на Фесјбук, според кој „сите се лицемери“. „Од една страна, одите да купите зеленчук и нафта, да си ги поправите забите и да ги посетите казината во МК, а сега сакате да протестирате против МК“ – се вели во постот.

 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Никако не ни помага.
Не е повеќе господинот Груевски, ќе го смениме името.
Не, знам дека појма немаш ни што збориш ни ништо... и затоа не те прашав тебе, туку некој што би можел да објасни без да го спомне грујо на пример...
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Не, знам дека појма немаш ни што збориш ни ништо... и затоа не те прашав тебе, туку некој што би можел да објасни без да го спомне грујо на пример...
Нема веќе кој да ја брани Македонија, се што се случува е ориентирано анти-македонски.
 
V

viktora

Гостин
Не, знам дека појма немаш ни што збориш ни ништо... и затоа не те прашав тебе, туку некој што би можел да објасни без да го спомне грујо на пример...
Не му кажувај дека Грујо не е повеќе премиер.Ќе му се влоши здравствената состојба.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Нема веќе кој да ја брани Македонија, се што се случува е ориентирано анти-македонски.
Ова е БЦ сарказам кој треба да ти даде чувство на повисока вредност... или ? Човек, ако си сериозно симпатизер на СДСМ, поарно би било да престанеш да пишуваш, пошто опасно го нарушуваш угледот на партијата.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.765
Поени од реакции
37.767
... дојдоа пликата со сметка од ЕВН,



ниту се потрудија да се сместат секое плико каде му е местото во поштенското сандаче, туку така оставени сите во еден куп над сандачињата...како прво
како второ со новитетите што ги има пишано на еден фајл на македонски јазик и на други два на албански, по кој критериум така 2 :1 фајл?



и како трето ај што се испофалија за измените, укажуваат за местото каде пишува име и презиме на корисникот со адреса? се испофалија за погрешна работа и неточна? се чудам како може еден стан веќе сменети пет сопственици се уште да биде плико адресирано на првиот сопственик, а пак друго плико да биде адресирано со име и презиме на корисник кој веќе десет години е починат и тоа биле точни податоци?



ова никаде го нема да не се направи ревизија на сопствениците, потоа ќе има по десет души на една адреса и во еден стан, па Пустец крив ќе ни биде... како старите така и новиве по ист терк тераат ! :(
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Вас ќе ви помогнеше.
Ок еве имаш став ќе ни помогнело...
Како ќе ни помогнеше нас ако имаше милион, и како ви помага вас кога нема милион...

Дали серизоно мислиш дека има разлика во крајната одлука на оваа крајно недемократска уцена, да се смени името.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.878
Поени од реакции
21.800
Она кога имаш завршено средно семкарско, а најголемо достигнување во животот ти е книшка од СДС. Битно се трудиме да наметнеме став и мислење за нешто во кое ни самите не веруваме ама мораме пошто такви се насоките од штаб а и плата мора да се земе секој 1-ви јебига.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
некој што би можел да објасни без да го спомне грујо на пример...
Грујо намерно им ги градеше фушерајски градбите, за кога ќе дојде сдс на власт, да им се поплавуваат и да им паѓа рејтингот.
Како да не зборат за Грујо?

За што да зборат?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Грујо намерно им ги градеше фушерајски градбите, за кога ќе дојде сдс на власт, да им се поплавуваат и да им паѓа рејтингот.
Како да не зборат за Грујо?

За што да зборат?
Се очекува да Драмски и околните објекти ќе бидат поплавувани, дискутиравме зошто.
Министерството за здравство демантира дека од Гинекологија исчезнало бебе, тоа патот што е затворен нека ти текне зошто/како се случило тоа.

Опасни твитови, ко во темата за Черот меротсвил (како и да беше) каде што анти - фа газел анти - фа :pos:

4,684 следачи - едвај по 7-8 лајка на пост :pos:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Се очекува да Драмски и околните објекти ќе бидат поплавувани, дискутиравме зошто.
Министерството за здравство демантира дека од Гинекологија исчезнало бебе, тоа патот што е затворен нека ти текне зошто/како се случило тоа.

Опасни твитови, ко во темата за Черот меротсвил (како и да беше) каде што анти - фа газел анти - фа :pos:

4,684 следачи - едвај по 7-8 лајка на пост :pos:
Ова човечето што се смее на крајот што треба да покаже? колку си во право ? Или стварно ти е све тоа што е наброено толку смешно ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom