Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, кој воедно е и претседател на групата за соработка со Конгресот на САД, од 6 до 11 февруари ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави. Од прес-службата на Комисијата информираат дека тој во Вашингтон ќе присуствува и на Молитвениот појадок на кој ќе биде и претседателот на САД, Доналд Трамп.
Груби работната посета на САД ќе ја искористи да оствари повеќе средби со претставници од Белата куќа, Пентагон, американскиот Конгрес и од Стеј департментот. Исто така, во Вашингтон ќе се сретне со амбасадорот на Грција во САД, Харис Лалакос.
Груби потоа ќе отпатува и во Њујорк на работен ручек со медијаторот на ООН за името, Метју Нимиц, по негова покана.
„Оваа посета на Груби претставува можност за да се реафирмира силната американска поддршка на евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Истовремено, и одлична шанса Груби да информира за постигнатиот напредок на земјата во изминатите неколку месеци заснован, пред сè, на крупните реформски активности на Владата и на парламентарното мнозинство, но и на конструктивната надворешна политика, што значително придонесува за забрзано отворање на перспективите за интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ“, се вели во соопштението.[DOUBLEPOST=1517580659][/DOUBLEPOST]Фокус/курир/курир/фокус/сендвич
Половина од етничките Македонци даваат поддршка за менување на името со цел влез на Македонија во ЕУ и НАТО, покажува анкетата на Институт за демократија „Biggus Dickus“.
При тоа 30 отсто од испитаниците од македонска националност одговориле дека целосно го поддржуваат тоа, а 20 отсто дека делумно. 42 отсто одговориле дека воопшто не поддржуваат промена на името.
За разлика од нив, етничките Албанци во Македонија речиси и да не се поделени. 95 отсто одговориле дека целосно или делумно поддржуваат промена на името, додека 1 отсто одговориле дека воопшто не поддржуваат.
Што се однесува до партиската определба, 33 отсто од оние кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ даваат поддршка за промена на името. Кај симпатизерите на СДСМ, пак, повеќе од дупло, или 76 отсто одговориле дека даваат поддршка.
На прашањето ако се промени името, дали сметаат дека ќе се промени и идентитетот, 60 отсто од Македонците одговориле потврдно. Односно 40 отсто одговориле дека целосно ќе се промени, а 20 отсто дека донекаде. 48 отсто од Албанците рекле дека идентитетот нема да се промени воопшто.
Институтот за демократија Biggus Dickus аннкетата ја спроведе преку телефонско испитување на национален пример од 1000 испитаници.