Ајде да видеме што за нас како форумџии би било разумно решение на спорот со Грција. Секој нека напише што за него би било прифатливо решение, освен Република Македонија со сите нишани како досега. Што мислите дека е разумно решение и за двете страни имајќи во предвид дека треба и двете страни да бидат подеднакво незадоволни или задоволни. Ставете се во улога и на Заев и на Ципрас. Еве за мене разумно би било решението во договор кој би звучел вака некако:
- Името да биде со географска одредница од типот: Република Вардарска Македонија, Горна, Северна, Словенска или додавка од типот Скопје, со превод на Англиски. Ерга омнес.
- Промена на уставот и внесување во него на договореното име;
- Народот да се ословува како Македонци со словенско потекло;
- Јазикот да се ословува како Славомакедонски или друга кованица која ке имплицира дека се работи за друг јазик кој е од словенско потекло а не е јазикот кој го зборувале Македонците од времето на Александар Македонски;
- Историјата која ке се учи да биде со акцент на словенските корени и да прави јасна разлика помеѓу Македонија на Александар Македонски и државите и борбите за независност по доаѓањето на Словените. Темел на истата да бидат св. Кирил и Методиј, Климент, Наум......
- Менување на сите називи на улици, институции и објекти кои се крстени по Филип, Александар и останатите антички имиња.
- Тргање на сите споменици кои имплицираат антика и нивно подарување на градот Александрија.
- Грција го трга ветото за наш влез во Нато и ЕУ и било која друга организација или сојуз.
Се на се, ке треба да се потприме на нашите словенски корени.
Мислам дека вакво решение треба да е прифатливо за нас а и за грција.