Го читам Џонтра и пред очи ми излага истата ситуација од вчера. Пак се качувам во 23ка, овојпат накај Аеродром одев и возачот имаше залепено на апаратчето бесплатен превоз. Јас сега знаев дека е бесплатен превозот али не ме кошташе ништо да го прочитам и тоа. Завршив работа во Аеродром и се качувам пак во 23ка за накај дома ( од Ченто сум иначе, повеќе информации во инбокс) и пак на апаратчето си пишуваше бесплатен превоз. И влегува една жена и нели фиромјанското да се избута пред сите, зема испобута 15 души за да се намести прва, влегува и со картичката накај апаратчето и тоа и ја откуца картичката.

Само што куцна шоферот и вика абре бесплатно е луѓе, гледате колкава налепница имам ставено. Е ако ти е краво една, пак да се гураш пред сите и да газиш луѓе само за да седнеш.
Ова со работењето на апаратчињата додека е бесплатен превозот е уште еден доказ за тоа каква дефектна држава сме, па исклучете ги ако е бесплатен превозот, симпл ес фак.
Него у неделата бев втора и се договоривме со другариве да идеме на кафе тука локално, да се видиме на пола саат. Доаѓа другаров да ме земе и му викам оди до банкомат треба пари да извадам. Застанува тој само од спротива на улицата, одам јас вадам пари и се враќам накај кола, отварам врата и само слушам пискање: АААААААААааааааааааааааааааааа и кревам глава гледам жена во колата.

Стефан дегенот влезе во погрешна кола драги мои, пошо во принцип кога вадам пари од тој банкомат ја оставам колата од страната на банкоматот и додека си ги местев парите во новчаник махинално си влегов како да сум со моја кола дојден, си мислев таму е колата и се е ок, а уствари другар ми од спротива беше паркиран.

И се извинив на жената и отидов накај кола смеејќи се. Ти ебам тоа Стефанот скапан ти ебам.