Куре, ја дојдов да гласам во Кичево за референдумот. Ама некои прашања не заслужуваат одговор. Со тој памет ќе си бидеш ти прв Gornomakedonjec.
Мислиш на оние локалните референдуми во западна Македонија или оној на централно ниво? За локалните референдуми апсолутно се согласувам дека и те како требале да се земат во предвид при креирањето на законот за територијална организација на локална самоуправа.
Ама за централниот референдум (2004) организиран од паторот и неговите "патриотски здруженија", e тоа беше жива брука. Какви све глупости не изнакажа, ама истите зборови кои ги употребуваше последнава година ипол ги употребуваше и тогаш: федерализација, кантонизација, предавство и слични националистички проливи и глупости, додека од неговите штабови населението се убедуваше дека ако се гласало на референдумот "Албанците ќе бегаат од Македонија"
Тогаш сите медиуми (освен Шител нормално) се прашуваа дали е нормално еден лидер на опозиција да користи таква реторика, додека пак на тогашната власт им беше смешна и забавна таа кампања, се сеќевам постојано тераа сеир кон вмро, а кампањата се одвиваше кога тогашната опозиција беше во полоша состојба одошто што е денес, од ДПМНЕ се отцепи Народна на Љубчо, де факто тогаш десницата се бореше за опстанок на политичката сцена во Македонија, па власта си смисли своја кампања "Некои прашања не заслужуваат одговор". Прво они мислеа дека паторот нема ни да успее да ги собере потребните потписи, ама околу тоа се согласи и партијата на Љубчо па успеаа. Таа реторика на власта беше многу погрешна, тогаш СДСМ и ДУИ ако сакаа законот да има широка поддршка кај сите заедници, требаа они сами да си го стават на референдум во кампања која тие би воделе да се гласа ЗА актуелниот закон. Инаку референдумското прашање на паторот беше веројатно
најдебилното референдумско прашање во историјата на Европа: Дали сте да си остане во сила законот од 1996-та (инаку тој катастрофален закон од 1996-та кој предвидуваше ненормални 123 општини, некои општини со по 100-200 жители кои голем број од нив работеа со празна каса, го донесе токму СДСМ со што иронијата беше уште поголема). И нормално на референдумот излегоа рекордно ниски 25% граѓани. Пред некое време со
@Dexter26 баш на оваа тема дискутиравме околу истиот закон и тој постојано ме убедуваше дека причината поради која граѓаните не излегоа на референдумот биле САД што баш во тој момент решиле да не признаат под уставно име, а јас еве ќе повторам дека ако граѓаните навистина имале волја да гласаат ќе си гласале ако си имале наумено, не може ниедна држава или велесила да има толкаво влијание па баш поради тоа што неколку дена пред референдумот не признаваат под уставно име граѓаните да ги фати таква еуфорија па да заборават на се и сешто вклучително и на референдумот. Не, ама навистина тоа со САД воопшто не држи вода, тоа испаѓа како стварно некој да ги прскал граѓаните со алуминиум. Боже па од стартот на кампањата се знаеше дека референдумот ќе пропадне. Иако точно е дека самата постапка при утврдување на територијалната организација не беше баш транспарентна од страна на тогашната власт и процесот не беше инклузивен.
Али приказната не заврши таму. По фијаското на референдумот, Грујо кажа дека еден ден кога вмро ќе се врателе на власт, ќе направеле сериозна ревизија во спорните делови на законот, посебно осврнувајќи се на Кичево кое ќе го врател на старите граници со што Македонците ќе биле побројни од Албанците. Али знаете што направи откако се врати на власт? Во 2008 година требаше да стапи на сила одредбата на законот која што се однесуваше за општините Вранештица, Другово, Зајас и Осломеј да се укинат и да се спојат со Кичево. Но тогаш ДПМНЕ во 2008-ма со законски амандман само ја одложи истата одредба да важи од 2012, наместо во 2008 како што првично што се предвидуваше. Па така Кичево во 2012 стана и те како "уште по албанска општина". И не беше случајно, во 2008-ма иако сите медиуми вклучително и А1 беа прилично наклонети кон власта, сепак цензурата сеуште не беше воведена и се уште можеа да се наречат слободни медиуми, што значи паторот и те како знаел дека до 2012 во Македонија ќе нема слободни медиуми и истата вест или беше изоставена или беше презентирана како правична, согласно европските стандарди.
Па оттука се поставува прашањето: Каде беа тие наводни "патриоти" од 2008 до 2012 да го бранат Кичево од припојување со престолнините на Ахмети, веќе непостоечките општини Зајас и Осломеј? Уствари чекај тогаш тој период паторот беше најсилен и сите закони што ги носеше си беа на место, вклучително и законот за јазикот кој го зборува 20% од населението (кој што патем предвидува многу посеопфатна употреба на албанскиот јазик со јасно дефинирани критериуми отколку сегашниов предлог-закон, ама нема предвидено глоби, па е како тоалетна хартија за некои општини), немаше никаква, ама никаква дебата.
Да се разбереме, немам никаков проблем ниту со законските текстови кои се носеа во 2008-ма година за организација на локалните граници и оној за употреба на јазиците, ниту имам проблем во најголем дел од сегашниот предлог закон за јазиците. Ама пак наводниве патриоти ми се ептен смешни како и сега и во 2004-та кои мислат/мислеа дека државата ќе пропадне и ќе се подели ако се донесат споменатите закони, така и од 2008-2012 кои не само што немаа проблем со овие законски текстови, туку имаа волја и да излезат на улица само да ги одбранат делата на паторот.