- Член од
- 10 октомври 2014
- Мислења
- 1
- Поени од реакции
- 0
Здраво на сите,бидејќи сум нов на форумот а и воопшто на форуми би побарал совет околу дете кое е на возраст од 23месеци.Значи така до пред некое време (пред да тргне на градинка)беше се добро мислам на играње,спиење и др.работи,но после тргнувањето на градинка некои работи се сменија(го разбирам сето тоа нели дека прв пат оди,се одделува од нас)меѓутоа има некои да кажам драстични промени во неговото однесување.Наеднаш почна да ги стега забите,да гребе и да куба(и,е) по коси и по лице.И цело време од страна на сите околу него му се објаснува дека тоа не е убаво и се по ред меѓутоа тој престанува и после некое време пак го прави тоа.Пробавме со методот-објснување дека не е во ред,па со плескање по раце меѓутоа нема ефект.Дури додека му се објаснува има моменти на бес и дерење од негова страна па прашањето ми беше дали е тоа некоја појава,минлив период или нешто друго.Доколку сте имале слична ситуација би замолил за совет.И секако би сакал сериозни одговори(без навреди)сметам дека сите на форумот се сериозни меѓутоа да нагласам дека стварно имам потреба од таков одговор.Благодарам однапред.