Советувалиште за родители, деца и млади

Член од
10 октомври 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите,бидејќи сум нов на форумот а и воопшто на форуми би побарал совет околу дете кое е на возраст од 23месеци.Значи така до пред некое време (пред да тргне на градинка)беше се добро мислам на играње,спиење и др.работи,но после тргнувањето на градинка некои работи се сменија(го разбирам сето тоа нели дека прв пат оди,се одделува од нас)меѓутоа има некои да кажам драстични промени во неговото однесување.Наеднаш почна да ги стега забите,да гребе и да куба(и,е) по коси и по лице.И цело време од страна на сите околу него му се објаснува дека тоа не е убаво и се по ред меѓутоа тој престанува и после некое време пак го прави тоа.Пробавме со методот-објснување дека не е во ред,па со плескање по раце меѓутоа нема ефект.Дури додека му се објаснува има моменти на бес и дерење од негова страна па прашањето ми беше дали е тоа некоја појава,минлив период или нешто друго.Доколку сте имале слична ситуација би замолил за совет.И секако би сакал сериозни одговори(без навреди)сметам дека сите на форумот се сериозни меѓутоа да нагласам дека стварно имам потреба од таков одговор.Благодарам однапред.
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Ако ве интересира може да погледнете некои совети на Џо Фрост, британска супер-дадилка со сопствено шоу...многу познати шоу звези ги следат нејзините совети во воспитување на своите деца...како на пример Адел и Хју Џекман...

http://www.jofrost.com/
http://en.wikipedia.org/wiki/Jo_Frost
http://www.youtube.com/results?search_query=jo frost
Книги може да се најдат тука
http://www.amazon.com/Jo-Frosts-Toddler-Rules-Behavior/dp/034554238X...

Последно уредено:
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Temava e interesna steta sto ne funkcionira poaktivno. Me interesira spored vase glediste kako treba da izgleda sekojdnevniot zivot na eden mlad covek ???
А ти после година и пол што мислиш за истово?
Јас мислам дека зависи, да бевме сите исти денојте на сите цела генерација ќе ни беа исти - ама не сме. Зависи од карактерот на детето и ако има проблеми од проблемите со кои се справува од прашањата што го мачат од околината

Секојдневниот живот според мене идеално треба да е светол, со убав избор активности и со добро друштво...

јас инаку ја отворив темава да ви кажам, кога ќе бучат игри од компјутерот, а и тв е на глас, од другата соба мобилниот/таблетот со некоја игрица... и неред кога ќе има куп алишта за сушење три најлони ѓубре и тенџерето од вчера...
и кога врне надвор и играат криенка внатре, и идат другарите и бараш ќоше да се скриеш... диши длабоко - луѓено скапаа од по болници одење за да дојдат до деца, некој плаче зошто и последниот партнер не е материјал за брак, тебе штркот ти ги донесе, тие си имаат карактери и немој да им викаш немој да ги навредиш тие ти се најважните луѓе во животот бесконечен извор на љубовче...затоа дај им некоја ситна работа да ти помогнат со нередот или вклучи се во играта фантазирај и донеси ја играта на некое потивко ниво. После повлечи се тактички во ќошето со кафето и пушти нешто свое на тв. Мир... тишина... кога имаш деца тишината е сомнителна нешто заговараат ама ти имаш очи на грбот.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.903

За истово по година ипол размислувам поинаку Мони. Ова за секој човек е битно особено за децата бидејки се носители на целиот потенцијал. Да се учат прво, основно и најбитно на љубов кон створителот, на своја лична интимност према створителот, контрола на умот, молитви, мантри, медитација, секојдневна конструктивна физичка активност, правилно и вистинско препознавање на работите и правилно и вистинско разбирање на секојдневните општествени должности и обврски. Отприлика толку.
 
Не сум сигурна, молитви мантри и тн

Како родители сме должни да ги спремиме за живот во светов, и да им покажиме личен пример за духовниот живот. И тука е границата, според мене нивните животи се нивни и нивниот духовен пат е меѓу нив и Бог, секое надворешно мешање во таа врска може да биде опасно...
Не дека моиве ништо не знаат од мојата религија, знаат многу ама ништо не им е наметнато од моја страна и ништо не мораат.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Колку може да стои одмолзено мајчино млеко? Половина час? Час?
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
13
Поени од реакции
2
Ве молам за совет и мислење. Петто одделение сме и до сега училиштето ни одеше супер. Во петто одделение попуштивме со учење, многу тешко ни оди. Не знам што се случи со детево како да изгуби интерес отиде од крајност во крајност. Немаме концентрација, многу сме бавни. Знам дека е тешко, материјалот е поинаков...пишете ми дали имате проблем со учењето и како задржувате внимание?
 
Член од
12 јули 2017
Мислења
34
Поени од реакции
10

Ќе помине, потребен е период на адаптација за новите обврски, а почнува и пубертетот. Внимавајте и на исхрана, многу овошје и зеленчук, колку може избегнувајте чипсови, џанк фуд и внесувајте суплементи.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Ве молам за совет и мислење. Петто одделение сме и до сега училиштето ни одеше супер. Во петто одделение попуштивме со учење, многу тешко ни оди. Не знам што се случи со детево како да изгуби интерес отиде од крајност во крајност. Немаме концентрација, многу сме бавни. Знам дека е тешко, материјалот е поинаков...пишете ми дали имате проблем со учењето и како задржувате внимание?
Како што ти кажаа погоре, load on fruits/veggies, поготово цитруси, колку може повеќе (не еднаш у ден него низ цел ден)

Витамин Д во комбианција со магнезиум е исто така многу битен момент, проверка на нивото на витамин Д претходно за секој случај.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.393
Поени од реакции
4.365
Ве молам за совет и мислење. Петто одделение сме и до сега училиштето ни одеше супер. Во петто одделение попуштивме со учење, многу тешко ни оди. Не знам што се случи со детево како да изгуби интерес отиде од крајност во крајност. Немаме концентрација, многу сме бавни. Знам дека е тешко, материјалот е поинаков...пишете ми дали имате проблем со учењето и како задржувате внимание?
Не сум родител, но според мене треба да се седне и да се разговара со детето, дека учењето е важно (не толку оценките, да не му вршите притисок), дека тоа му помага да се надоградува како личност и дека може да си ги оствари сите желби што ќе си ги посака со тоа доколку напредува. Треба да му се дава помош по предметите кај кои има потешкотии, било тоа да е со приватни часови или помош од родител доколку се разбира во тој предмет. Поттикнување на личен развој, да тренира спорт или да изучува јазици, а не да игра игри на компјутер кои само му го одземаат времето.

Јас до шесто одделение бев одличен ученик, потоа ме фатија будалите и бев каша попара. Малку ми е криво, но што е тука е :D

Му доаѓа пубертетот сега, навлегува во таа фаза, па и очекувано е да има сменето однесување или пад на просекот во училиште, но ништо страшно. Битно е да му се зголемува љубовта кон тие предмети што ги сака, е сеа ако не сака ниеден предмет и не фаќа книга, тоа оди многу потешко тогаш :)
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
13
Поени од реакции
2
Секако и пубертетот влијае, а кои суплементи ги препорачувате?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom