Имам приметено од порано дека кога ќе се објават некои аргументирани факти од бг или ќе почнат да пишат луѓе ставени на дополнителна и се отвора дискусија, после кратко време се јавуваат многу "заспани" профили и спамираат до бескрај за да постовите останат неколку страници назад зошто нели ретко кој чита 2,3,5 страни назад на темава и се со цел да се заборави тоа што е објавено. И како по правило за крај на дискусијата се јавува еден познат профил за да на лош македонски ги исплука сите као ненормални ли сте бе, се е мед и млеко...И после пак истото и истото....
Тоа многу кажува какви ли не луѓе посредуваат за пасоши, тешки лажговци и манипулатори, само парите да ви ги земат, а многу од тие што имаат мака ќе им поверуваат и на таа финта ги фаќаат, па биле небиле 500-800 евра, пробај си ја среќата, со документи од чичко, вујко, стрико, комшија, даваат бе, дури да дојдеш на разгледување ќе се среди работава...Мизерија.