Помош при основање на здружение

  • Креатор на темата Креатор на темата Јефто
  • Време на започнување Време на започнување

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Возраст
29
Локација
Скопје, Македонија
Веб-сајт
www.twitter.com
Здраво форумаџики и форумаџии.
Сакам да основам здружение (на граѓани). Ја знам процедурата горе-доле, ги имам потребните документи и сето тоа, но проблем ми е овластен регистрационен агент.
Е сега, сакам да прашам да ми предложите некој доколку знаете и да ми кажете колку обично зема?
Ми рекоа дека овластени регистрациони агенти биле речиси сите адвокати и сметководители, па сега ако знаете некој што за ситна сума би сакал да регистрира, би Ви бил благодарен да ми го препорачата.
 
Здружение на граѓани се формираше исклучиво во ЦРМ, без регистрационен агент. Би требало уште да е така.
Дури и измени кога се вршат во здружението, беше/е исклучиво во ЦРМ.

Иначе формирањето преку Рег. Аг, цената беше 9000 мислам. А ако се работи за ддв обврзник, додади на тоа 18%.
Секоја промена е 3000 денари, + административни трошоци од ~1603 Денари за секоја посебна промена. Ако се прават две промени ЗАЕДНО, втората е 200 денари.
На тие 3000 денари, додади 18% = 540, ако е ддв обврзник адвокатот.

Порано само сметководителите можеа да формираат, без надомест но тие да бидат сметководители на субјектот што ќе го формираат(како некаков фер договор).

п.с. Мислам ништо не те излажав. :)
 
Последно уредено:

Фала на одговорот, ќе видам, но некаде прочитав дека морам да регистрирам преку рег.агент, не можело веќе сам во ЦР. :/
А да не имаш некое смет. биро што можеш да ми го препорачаш?
 
Здружението беше мислам единственото што мора да се формира, па и менува директно во ЦРМ.

Ако мислиш да водење книговодство, единствентото што знам да ти го препорачам, не би се нафатило.
Но ќе се обидам вака да ти помогнам.

Список на овластени регистрациони агенти за упис на основање на ДОО, ДООЕЛ и ТП преземи (тука имаш сметководители и бироа, покрај адвокати).

Список на овластени регистрациони агенти за упис на основање, промени и бришење на сите видови трговски друштва преземи (Адвокати, само тие може да менуваат).

Ќе ти напишам уште еднаш. За потврда на тоа дека здружение се креира директно и исклучиво во ЦРМ(ако немало измени од април-мај лани), прашај на следниов е-mail. - e-registracija@crm.org.mk
https://e-submit.crm.com.mk/eFiling...сновање, промени и бришења- Адвокати(34).xlsx
п.с. Списоците се јавни, од ЦРМ, така да не би требало да има проблем со нивно прикачување тука.

Ме контактираше пред малку адвокат во порака, имало измени најверојатно дека можам лично јас како основач да поднесам само во хартиена форма во ЦРМ за регистрација, а може и преку адвокат со полномошно.
А за книговодител, да, мислев некој што ќе ги води книгите, па ако имаше да ми препорачаш. Евентуално да ми кажеш колку би ме чинело водењето месечно, колку им е тарифникот на бироата или на некој самостоен книговодител.
 
За цената или тарифата на услугите, целата работа е калакурница. Еве предлог за утврдување на МИНИМАЛНИОТ НАДОМЕСТОК ЗА МЕСЕЧНИТЕ ТРОШОЦИ за давање на книговодствени услуги. Ова требаше да стапи на сила демек од 1 Јули 2017. Дали и колку го применуваат, и да сакам не би знаел да ти кажам.
По некои потребна, по други донесена незаконски, но кој го почитува тарифникот, не знам да ти кажам.
 
Фала ти на помошта и одговорите.
 
Предложете ми како да ги регулирам приватните часови кои ги држам дома? Што да основам што најмногу сс исплаќа и е најмалку ризично?
 
Трговец поединец (ТП)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom