Jim Carrey

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymousone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 ноември 2016
Мислења
104
Поени од реакции
45
Не сум сигурен дали ја поставувам темата на точното место ама незнаев каде на друго место.

Последно време како актуелна тема се јавува Jim Carrey со неговото "невообичаено" однесување пред јавноста. Мислење окулу ова?

https://www.youtube.com/watch?v=wTblbYqQQag - Има повеќе видеа, разлистајте.
 
Па, како беше она, тенка е линијата меѓу генијалноста и лудилото.
Џим има патено масовно од депресија, антиваксер е...
Да не го заборавиме ова
Шо да мислиме... досадно му е, мисли дека се подигнал на некое повисоко ниво и на некој начин си ги омаловажува улогите како комедијант.
 
Гледав интересен прилог за него, кога глумел некој комедијант кој му бил идол, и имале огромен проблем со него на сетот, затоа што не сакал да излезе од карактер.
 
Па, како беше она, тенка е линијата меѓу генијалноста и лудилото.
Џим има патено масовно од депресија, антиваксер е...
Да не го заборавиме ова
Шо да мислиме... досадно му е, мисли дека се подигнал на некое повисоко ниво и на некој начин си ги омаловажува улогите како комедијант.
Што е антиваксер?
 
Што е антиваксер?
Лице кое e против вакцинирањето, смета дека вакцините предизвикуваат „нови“ болести, како што е Аутизмот, и најчесто тоа негово мислење го изразува јавно преку медиуми.
 
Чуден тип, како и толку многу комичари. Понекогаш ним им е најмалку смешно. Кери важеше за голема ѕвезда, која од комедијата сакаше да се префрли и да одглуми во некој друг жанр, ама недоволен број ја сфатија сериозно. Неколку подоцнежни филмови просечни филмови не ја поправаат ситуацијата, а тоа не го прават ни чудните однесувања и ставови, ни самоубиството на бившата девојка. Како ни фактот дека старее.
 
Помислив дека починал кога ја видов темава :unsure:

Нема врска, поминаа најдобрите години на Џим, од 2005 па наваму кариерата му отиде во надолна линија, додај тука смртта на девојката, а башка тоа што и пред да стане познат се мачел со депресија...ете го резултатот денес, летна со паметот, ма да јас мислам во иднина дека ќе им се врати на филмовите, и нема да заврши ко Робин Вилијамс.
 
Неможам да кажам дека "летнал со паметот", ама дефинитивно нешто се дешава со него
... Жално е за таков комичар, ама очигледно и самата професија и начинот на кој луѓето ги гледаат таквите како него е поинаков. Никој не ги сфаќа сериозно. Мислам дека истото се дешаваше со Rowan Atkinson. На почетокот пробаа во посериозни филмови а потоа едноставно ги снема. А да, идат и нова генерација на "комичари" :несвест:

П.С Во едно интервју кажваше дека нема да прифати никаква улога, освен доколку ликот му е погоден во крајност.
 
Последно уредено:
Видеото со Ема е посмешно од се што направила Ема ко актер, so ... жално е што светот на комедијата останува на глуперди кои Холивуд ги сервира моментално, почнувајќи со плавата, дебела, Пич прфект Австралијка. Блаа.

Ако го имате гледано по интервјуа човекот е доста интелигентен. Лошо е што му има паднато жетонот дека не е веќе обожуван, сакан и Холивуд нема потреба од него. Колку имаат завршено и полошо од него. Нема врска, гледајте си ги филмчињата пред 2000 од него и не му берете многу гајле.
 
Неможам да кажам дека "летнал со паметот", ама дефинитивно нешто се дешава со него
... Жално е за таков комичар, ама очигледно и самата професија и начинот на кој луѓето ги гледаат таквите како него е поинаков. Никој не ги сфаќа сериозно. Мислам дека истото се дешаваше со Rowan Atkinson. На почетокот пробаа во посериозни филмови а потоа едноставно ги снема. А да, идат и нова генерација на "комичари" :несвест:

П.С Во едно интервју кажваше дека нема да прифати никаква улога, освен доколку ликот му е погоден во крајност.
Зошто жално за таков комичар? Џим кери е спиритуален човек (enlightened, no-self, non duality etc.) кога ќе ја развиеш свеста на еден повисок левел го отфрлаш материјалното и егото и престануваш да глумиш тоа што си бил претходно, убаво си кажува на видеото и среќен е и тажен но не депримиран. Тоа што така се понаша на интервјуа е дека ништо на крајот од денот не битно, све што правиме ние луѓето е измислен концепт од нас самите. Изгледај видеа од Ekchard tole или leo gura и ќе ти стане јасно што е уствари џим кери.
 
Не е стандарден холивуд селебрити, пател од депресија, станал славен и имал све што претходно немал откако го добил сватил дека тоа нема да го направи среќен и од тука тргнал по друг пат, него му изгледа како успех нас како пропаст.

И сега ја презентира таа hard truth која е тешко да ја сватиме, посебно ние кои никогаш сме немале колку него и сме материјалисти и кои мислиме дека ќе бидеме среќни ако имаме повеќе.

Повеќе пари, успех, дипломи ватевер.

Живот, јбг, штета што се изгуби тоталка.
 
Зошто жално за таков комичар? Џим кери е спиритуален човек (enlightened, no-self, non duality etc.) кога ќе ја развиеш свеста на еден повисок левел го отфрлаш материјалното и егото и престануваш да глумиш тоа што си бил претходно, убаво си кажува на видеото и среќен е и тажен но не депримиран. Тоа што така се понаша на интервјуа е дека ништо на крајот од денот не битно, све што правиме ние луѓето е измислен концепт од нас самите. Изгледај видеа од Ekchard tole или leo gura и ќе ти стане јасно што е уствари џим кери.
Истово сакав да го кажам.
Не значи дека ако е просветлен или „разбуден“ по автоматизам да е мрднат, летнат со умот или шо ти знам таму.
Мило ми е за него што си има мирна психа, гледајќи го тоа дека скоро секој комичар/ка страдал-а/страда од депресија, алкохолизам, дроги...Мирна глава е најголемо богатство.
 
E добро де, комичарите се такви. Бил Мареј понормален да не е?
Иде се крие по ресторани и одеднаш им се појавува на рандом луѓе на маса, им зима од храната малку и им вика - ај се кладиме дека никој нема да ви поверуе дека ова ви се десило - и си оди.
Нема телефон мобилен, ни менаџер. Само статичен телефон со телефонска секретарка на која поруки може да остаи кој и да го бара, дали рандом обожавател или Харви Вајнстајн, сеедно.
и тн.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom