Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Како бе со Никола Поповски иста доктрина имаме... Ти си го слушал тоа лигаво створење... Тој подржува акцизи и зголемување, јас против, тој е за прогресивен данок, јас против итн итн баш спротивни сме. Со Трајко Славески сме на иста бранова должина.
Доколку би читал историски податоци поврзани со економски причини и последици еден е заклучокот: колку повеќе јакнее власта толку побргу се уништува државата.
Социјализам и Комунизам нема шанса да успее поради човечките страсти. Републиканско уредување секогаш доведува до појава на олигархија, а прифаќањето на Маркс без да се земат во обзир страстите и карактеристиките на луѓето е добро само на хартија. Креативноста е таа што води напред, а ниту една државна институција неможе така да функционира.
Темата е широка, така да не очекувам ни да се согласиш/те а и џабе да се објаснуваме кога ти донесуваме заклучок врз основа на различни влезни информации.
Скоро сите познати економисти имале друга професија претходно, така да тоа што Кочо не е економиста не значи дека не сфатил. И баш тоа што на 800 им обезбедува плата е доказ дека го бива. Дај боже ти да обезбедиш за 8 па ќе видиш колку труд и ум треба.
Кочо, Орце и слични ги осудуваш, ги етикираш, а главните и одговорни за нивно богатење на нечесен и нелојален начин ги амнестираш.
Кој одредува како се троши буџетот тој е одговорниот, тој дозволува и тој ги креира и крши правилата. Кај него е и ДБК и СУД и УЈП.
Тргни обратно и ќе имаш ефекти, вака само имињата ќе се менуваат.
Прво никој не амнестирам, ниту олигархијата, уште помалку тие кои ја создале или барем придонеле во тоа.
Власта и олигархијата се меѓусебно поврзани, олигархијата всадена кадровски во партијата и нејзината структура која пак станува власт, текот на кадровата политика следи го од државни во приватни функции како тече и се е јасно кој од позиција на власт чии интереси застапувал.
Секоја една доктрина на политичка економија во својата теоретска поставеност е применлива, се додека не со соочи со прагмата и со едно несовршено суштство како човекот, значи засега останува легалистичкиот пристап да го држи под контрола човечкиот фактор, се до моментото кога е премногу комплициран па да стане неприменлив.
Називот е и постулатите на доктрината се секундарни кога на крајот зависи од фактор човек, кејнесијанизмот кој се промовираше како една несовршена форма на еквилибриум во економскиот систем, пак на крај крахира поради либералната економија и процесот на концентрација на финансиска моќ, капитал и негово окрупнување, кое пак длабоко влијае врз политичките процеси, со едне збор глобализацијата, може и империјалзмот


Во овој конекст е интересно шо ја спомнуваш креативноста, пошто она кон шо се цели се тие анационални влади и слободен тек на капиталот кој ќе биде единствен интерес, територијата и пазарот како мотив за борба одат во секундарен план каде што борбата за знаење, иновации го презема стратумот од нив, ама тоа во развиена пазарна економија за која пак е предуслов едно соодветно опшесто какво шо ние неаме, нашата олигархија својот капитал го стекнува на еден поинаков начин, каде претприемничките способности не играа голема улога туку поврзаноста со власта, службите итн. и тоа во една турбулентна промена на опшественото уредување, да би биле добри претприемачи барем 2/3 од опшествените претпријатија со некоја оптимална бројка на вработени би биле задржани во функција, ликвидни, а не да се направи обичен грабеж.
За мито од 50к евра кое го зема еден чиновник, несогледлива е штетата која ја претрпува системот, секое едно партиско вработување го оштетува државниот апарат за работниот век на партискиот војник и тоа по повеќе основи, едноставно e, failed state.
Ние сме во еден цикличен процес, ете во кој самиот велиш само имињата се менуваат и ништо повеќе, а за тоа не можеш да го амнестираш крупен капитал затоа шо го стекнал на нелегален начин, ниту пак да ослободиш од одговорност државне апарат кој овозможил такво нешто, меѓутоа за справвуање со такво нешто треба да имаш цел синџир на органи имуни на опшествените случувања кај нас, од предистржана, истражна, судска постапка до крај, едноставно незамсилвио е кај нас да се случат такви промени какви што сите сакаме и тоа во некој временски релативно краток рок, посебно со тоталното разочарување од оваа власт
И пак да се навратиме на споредбата, никој не оспорил дека треба или не труд и шо уште не за градење компанија со 800 вработени, ама тоа не значи пак дека истиот ќе води добро како и микро така и макро економија, посебно голем успех во наши услови за краток временски период е сомничав, чест на исклучоците.
Едноставно не можеш да ставиш лав да ја развива/пази газелата, инстинкти се тоа
