Не мислам дека е така. Сега со промениве на што се‘ не нема да почни да мисли народов. Бугарскиот став отсекогаш е јасен дека во Македонија живеат Бугари и историски така е. Проблемот беше што на (не)легален начин се издаваа потврди за потекло, т.е се правеа бизниси. Ним тоа не им се допадна затоа што тука некој очигледно добро заработуваше на тој начин. Само замисли колку потврди за потекло се издадени и колку пари се направени, ако од тие 53.000 апликанти знаеме дека 90% одат со потврди, значи во последниве години издадено околу да речеме 45.000 потврди а колку секоја од нив кошта да се извади? За нив би било срамно да се откажат од нас. Мое мнение е дека исто така ЕУ има влијаено да се затегнат условите за аплицирање зашто ако продолжеа со тоа темпо за 5 години сите во РМ ќе извадеа бугарски пасош. Затоа малку забавија. Сепак, ова е мое мнение.
Навистина ситуацијата беше вон контрола
Кој се‘ не извади пасош, кој се‘ не аплицира и на кој не се даде потврда за потекло.
Ама сепак сум оптимист, не знам зошто но осеќам дека со моменталното претседавање на Бугарија со ЕУ ќе се подобрат работите за Македонците.[DOUBLEPOST=1516797025][/DOUBLEPOST]
На ова се чудам, зашто толку скоро ти закажале интервју
Лани тие во јуни кои закажуваа интервју им дадоа датум во Август 2018. Ова изгледа дека сега веќе постапките се убрзани а пречките надминати. Ова е релативно близок датум за интервју имајќи во предвид дека до пред некој месец за до интервју се чекаше и до година ипол.