Не очекувајте од МП да ви кажат дека потврдите не важат кога си пишува јасно - удостоверение од ДАБЧ и сите документи кои потврдуваат постоење на барем еден предок по директна линија. И тие ќе земат да ви објаснуваат конкретни случаи па вака било или онака, како да не.
Тој што ги нема тие оригинални документи а исполнува други услови како на пример регулиран постојан престој во бг или студирал и земал стипендија во БГ по Постановление на МС од 1993 г. кое гласи Ос'штестјаване на образователна дејност сред б'лгарите в чужбина, нормално е да помине на Совет за државјанство ако другите документи му се во ред. За други олеснителни околности не знам. Перфектно поминато интервју?? Можеби...
Ние овде зборуваме за повеќе од 50 000 преписки а не за 100, 200, 500...Значи потврдите за повеќе од 90% од апликантите се ништо повеќе од тоалетна хартија.
Дека одбиваат ви кажав пред извесно време и ништо повеќе не коментирав, чекав сами да си видите зошто критичната бројка ќе биде за најмалку месец дена и тогаш на сите ќе им е јасно како ден како стојат работите и ако и тогаш нема реакции од Патриотите тогаш дефинитивно ќе е крај, не дека они ќе сменат нешто ама ме разбирате што сакам да кажам. Знам дека не е за верување и тешко се прифаќа ама тоа е реалноста.