@Dexter26 , одлични поенти има во текстот што си го постирал, законот е многу проблематичен, спротивен на Устав и пред се практично неприменлив и скап. Настрана крекањата „ќе ја изгубиме државата, ќе не снема како македонци“, законот во пракса во еден куп постапки и ситуации ќе биде невозможно да се спроведе, без притоа тие постапки да не се развлечат ненормално долго и без да се направат огромни трошоци пред се за државата за преводи, преведувачи, потрошен материјал и се што следи.
Тешка глупост е законот но не знам зошто толку луѓе глумат изненаденост кога законот беше предизборно ветување уште за изборите декември 2016 година и за кои што закон беа согласни да биде дел од владината програма и сегашнава власт и сегашнава опозиција.
Хехе, па и Адолф Хитлер во Мојата борба повикува на истребување на Евреите и создавање на "простор за живеење" за супериорната германска ариевска раса, кој ќе ги опфаќа териториите на Полска и на Советскиот Сојуз се` до Урал, па откако Хитлер и нацистите дојдоа на власт на 30 јануари 1933, започнаа со применување на пишаниот хитлеров збор, а Германците најкомотно си молчеа, а како што знаеме, молчењето значи одобрување.
Германците молчеа кога Хитлер и нацистите го организираа првиот бојкот на еврејски продавници на 1 април 1933, па по смртта на Паул фон Хинденбург на 2 август 1934, откако Хитлер нелегално ги спои функциите претседател и канцелар во една функција - фирер, Германците на плебисцит, односно на референдум, му дадоа амин на Хитлер за ваквата нелегална реформа - целосно спротивна на Овластувачкиот Акт кој токму Хитлер и нацистите го предложија и со закани успеаа да издејствуваат мнозинство во германскиот Рајхстаг, па потоа повторно Германците молчеа во септември 1935 година кога беа донесени Нирнберншките закони против Евреите, па кога се случи Кристалната ноќ - која важи за почетокот на Холокаустот - односно Ноќта на скршеното стакло помеѓу 9 ноември 1938 и 10 ноември 1938, додека беа уништувани еврејски продавници, синагоги, германски Евреи беа апсени и убивани, повторно Германците молчеа, а молчеа и претежно за време на Втората Светска Војна.
Но како што историјата покажа, тоа што Хитлер и нацистите легално дошле на власт и тоа што Германците на плебисцити, односно на референдуми, им давале амин за да уживаат тоталитарна власт во Германија, сепак не значи дека Германците постапиле правилно и праведно.
Можеме до бескрај да се тешиме дека сме знаеле што ветуваат зајко кукурајко и плавите жолтици во декември 2016, и дека ваквите апартхејдски реформи се очекувани, но тоа не значи дека така требало да биде или дека е правилно и праведно.