Не ме зезај, секогаш мора да има лоши примери. 100-200 души да ги покажуваш со прст е баш ниво за кое треба да се одржува апатијата. Ако ништо друго да им каже на оние кои сакаат да се бунат дека има само 100-200 души кои се бунат. Ако ги нема нив, не знаеме дека сме апатични.
Значи сепак има отпор кој е видлив, опиплив, како и да е не било никогаш кај нас поинаку, генетски сме припитомени ние.
Сега сме цирка некаде повторно перидот на Балканските војни, пак сме на менито

Додека не не сведат на тоа единствено само и само со локални комунални проблеми да се бавиме, не не оставаат на раат. Сеедно да ни биде чиј вилает или бановина сме.
Единствено возможна промена е ако дојде калифатотот тука да се крене, тие ќе ги запалат патиките и да ги нема, ќе остане тука сиромаштија која и нема да има избор. Или џа или бу ситуација. Е ако таа генерација, која ќе пролее реки крв, успее да се избори за држава, после тоа ќе може да гради држава.
Еве еден убав муабет пошто стално крв, војна и сл спомнуваш, поради фактот што ние сме во најнезавидна позиција за такви потези ако воопшто се возможни, Гувернер на самостојна област во Руска Федерација, екс генерал кој доста поминал во Чеченија, Александар Лебед, доста популарен лик, имаше изјава дадено, парафразирам,
-во секоја борба има луѓе волци кои од десет борци го преживуваат невозможното, од борба во борба, тоа се луѓе на кои им е убиено цело семејство и освен борбата со нас немаат друга мотивација за живот, со континуираната борба во Чеченија и бомбардирање, Русија секојдневно создава такви луѓе-волци, и ужасот нема крај...
Ген. Лебед инаку загина во хеликоптерска несреќа
Балканот има ваква историја, нема потреба од повторување, затоа постои политичка борба.
Зошто да крене ?!? За сув патриотизам ?!?
Не иде тоа така пријател. Партиски маси се креваат за да се дојде на власт или за да се остане на власт. Мада и тоа е само фарса, за дефокус. Јас мислам дека све е договор.
Еве гледај како бледат бомбите, кои нели беа причината за смена на власта.... Гледај како други приоритети излегуваат на виделина...
Овде се согласувам во целост, да надополнам, прво во поглед на делење на колачот отворено соработуваат и не си мешаат прсти, замисли во некое мало место како Пехчево, колку лесно ДПМНЕ и СДСМ може да најдат заеднички јазик и да си го претворат местото во нивни вилает?
Чуму тегнење сем про форма колку да се крева џева, да не е без ич?
Исто е на републичко ниво, како координирано се создава јавното мислење е очигледно, континуирано истите ликови со истите бајки по медиуми, ретко некое неортодоксно мнение да се пробие до јавноста, епа чорба другар.
Како дошла работата сега браниме поделба, како подобра варијанта од тоа цела да им се даде.
Немаат доверба ни во Грција, ни во Бугарија тек па за Србија, затоа не прават малцинство во мнозинска големо Албанска држава, пошто сме јаболко на раздорот тука, во осрцето на Балканот
Ова со законот е да се привикниме да се разбереме на тоа шо следи, до 2025 треба да се реализира сето ова и топтан во ЕУ.
Melting pot. Hybryd.
[DOUBLEPOST=1515776052][/DOUBLEPOST]
Абе нема избор, дефакто сме под Албанска окупација под НАТО протекторат, а овие две партии се квислиншки, служат како лубрикант за да Македонскиот народ прифати све и свешто. Следно ќе биде задолжителен Албански јазик во образование.
Не сме протекторат, таков е впечатокот поради сервилноста на политичкиот естаблишмент, нив им е поважно да си ја зачуваат калимерата со надворешниот фактор поради тоа шо сите имаат кариери пред нив и корупција позади, добро речиси сите.
Никој не сака да биде трн во око на некој кој е влијателен поради некакви си национални интереси, кога може да си живее животот тука, да бидеме реални, оние кои се во политика тука длабоко навлезени и подобни за денешни стандарди се во ветената земја.