Се согласувам другар, ама делумно, едино не стои дека апатијата е постигната, не бар на ниво кое им е зацртано, само нешто им ги замрси конците, само за кратко веројатно. Се додека има повеќе од еден човек на тие протести не е готово.
Не ме зезај, секогаш мора да има лоши примери. 100-200 души да ги покажуваш со прст е баш ниво за кое треба да се одржува апатијата. Ако ништо друго да им каже на оние кои сакаат да се бунат дека има само 100-200 души кои се бунат. Ако ги нема нив, не знаеме дека сме апатични.
Тие партии во суштина и не се баш наши, реков дека разно разни безбедносни служби директно или индиректно преку својата пропаганда се навлезени во ДНКта на овој народ, тешко да пркне нешто, а не некоја суштинска промена да дојде.
Единствено возможна промена е ако дојде калифатотот тука да се крене, тие ќе ги запалат патиките и да ги нема, ќе остане тука сиромаштија која и нема да има избор. Или џа или бу ситуација. Е ако таа генерација, која ќе пролее реки крв, успее да се избори за држава, после тоа ќе може да гради држава.
Прилеп, подрачните единици на републичките институции станаа двојазични поради Долнени, да сака ДПМНЕ може да крене народ, ама битно е “спечаленото' да се зачува, ем да се троши на слобода, пошто е се тоа чесно, патриотски, излишен е секој коментар.
Зошто да крене ?!? За сув патриотизам ?!?
Не иде тоа така пријател. Партиски маси се креваат за да се дојде на власт или за да се остане на власт. Мада и тоа е само фарса, за дефокус. Јас мислам дека све е договор.
Еве гледај како бледат бомбите, кои нели беа причината за смена на власта.... Гледај како други приоритети излегуваат на виделина...
Супер си е човекот. Се што вети или барем повеќето си исполни. Е сега дека некој спиеја на уши никој не им е крив.
Само види интересна работа. По некоја година или повеќе од кога ќе се испили новата генерација на шарени куртончиња ке дојди тука некој копиљ со муабетот од типот абе шо има везе
секако републиката е двојазична и практично поделена, шо ќе смени ако се федерализира. Битно во Еу и Нато да влезиме
Друга генерација.... ти не си во тек со настаните, јас мислам дека тоа е оваа генерација, погледни ги постовите на темава. Дури и повеќе, се повеќе слушам муабети за дефакто поделба на Македонија меѓу обичниот народ во стилот, па подобро ќе ни биде.
Како дошла работата сега браниме поделба, како подобра варијанта од тоа цела да им се даде.