Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
После ова се надевам дека ќе пркнат трети партии, конкретно мислам за Левица. За кратко време дознавме дека сдсм е едно класично гомно од партија исто како и претходниците. Али чим Грујо го кутнавме за вие ќе биде piece of cake.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.423
Ок, си живеел Северна Кореја?

Претпоставувам не, помини минимум десет години континуирано таму, врати се тука и повтори го истото тврдење, ќе се согласам со тебе.

:icon_lol:
Па еве јас не сум живеел во Северна Кореја, ама не си живеел ни ти. Од друга страна живеам 27 години во демократија. И? чини?
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.683
Поени од реакции
88.639
Мало потсетување за тоа што се случи вчера...

11 ЈАНУАРИ 2018, КАКОВ ДЕН БЕШЕ ТОА!

* Македонија стана двојазична на целата територија. Честито.

* Собраниската постава која го изгласа законот кој смрди на неуставност, истиот ден за Уставен судија именува човек (Осман Кадриу) кој го бранеше и промовираше тој закон. Ако, ќе се најде.

* Истиот ден се прави ново задолжување со издавање обврзница од ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА евра. Да не е малку?

* Вицепремиерот ќе ја продава фирмата на Грци (заради избегнување судир на интереси, што значи дека Анѓушев долгорочно се гледа како министер а не како бизнисмен). Чиста работа.

* Партискиот адвокат на СДСМ станува директор во Телеком. Да не биде шарениот „револуционер“ Замир Мехмети без друштво.

* Поделени се 102 илјади евра за субвенционирање македонска музика. Наддавачите со трагични судбини допрва ќе пребројуваат колку Тамари е ова.

* Од слобода се бранат оние кои беа осудени за Смилковско езеро. Зад решетки се Дурловски, Јовановски, Илиевски и Дамовски. Ферски.

* Премиерот Зоран Заев е на скијање во Италија. Паметно.



Наздравје... сакате да не постои државава, да се распадне, а пред нецела година викавте "УАА ГРУЈО" "ЌЕ СИ ЛЕЖИТЕ" "РЕЖИМ".... ако ви е гајле за земјава зошто скокавте како прле пред магаре ондак?

Лицемери
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.423
Ова е стара тактика на СДСМ (гостиварските настани/девалвација), која издашно ја користеше Груевски.

Пола миљарда задолжување у ист ден со законот за јазици.
Така се праи тоа.
А Заев надвор у исто време.
Да им дадеме шанса тек само една година помина, треба 10 за да се смени нешто.[DOUBLEPOST=1515765531][/DOUBLEPOST]
После ова се надевам дека ќе пркнат трети партии, конкретно мислам за Левица. За кратко време дознавме дека сдсм е едно класично гомно од партија исто како и претходниците. Али чим Грујо го кутнавме за вие ќе биде piece of cake.
Мисли си дека ќе е лесно...
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Па еве јас не сум живеел во Северна Кореја, ама не си живеел ни ти. Од друга страна живеам 27 години во демократија. И? чини?
Дисфункционална демократија.

................
Секое чудо за 3 дена, седум чуда за еден ден

Бурен ден во Македонија. На 11 јануари се случија повеќе работи и тешко е да се одлучи човек за кое попрво да размислува.

Прво, пред ВЕРО Центар се оддржа протест против нелегално отпуштена работничка за време на боледување. Овој протест беше организирн од Левица, а и покрај ветувањата за работнички права – СДСМ одби да го поддржи протестот. Праксата на празна реторика од претходната власт продолжува.

Второ, власта повторно се задолжи! Овој пат за „скромни“ 500 милиони евра. Праксата на прекумерно задолжување продолжува.

Трето, вицепремиерот, Кочо Анѓушев, решил да ја продава својата фирма „ЕДС“ на грчкото електростопанство. Оваа фирма беше користена од страна на граѓанинот Кочо Анѓушев за да добива тендери додека е самиот на власт. Сумата не е објавена и покрај заложбите за транспарентност, а изјавено е дека „се е според законите“ – реченица која стана клише во Македонија.

Четврто, со 69 гласа „ЗА“ изгласан е новот закон за јазици. Овој закон беше критикуван како неуставен од експертската јавност. Уште повеќе премиерот Зоран Заев јасно и гласно вети дека нема да има ваков закон. Законот ќе значи, меѓу другото, поголема и покомплицирана администрација, а со тоа и поскапа. Продолжува праксата на претходната власт за освојување политички поени преку национализам и вработувања во администрација.

Петто, во Солун се одржала тајна средба помеѓу македонскиот и грчкиот министер за надврешни работи. Средбата била под силни безбедносни мерки, а зад очите и ушите на јавноста се дискутирало решение за спорот со името. Продолжува праксата на претходната власт да се носат одлуки од национално значење зад затворени врати.

Шесто, доделени се субвенции за песни во износ од 9000 евра! Македонската јавност може мирно да спие – кредитите не биле за глупости земани. Продолжува праксата на претходната власт да се субвенционираат култрни содржини кои се создадени од луѓе со гледишта блиски до оние на власта.

Седмо и можеби клучно е што сите овие работи се случуваат БАШ кога премиерот Зоран Заев е на одмор. Која случајност! Ова ја задржува праксата на претходната власт да се носат и гласаат непопуларни работи или да се прват сомнителни (читај: криминални) дела додека Никола Гревски беше на одмор или службено патување.

Волку „работа“ за 24 часа не успеа ни Никола Груевски да заврши, а тој беше навикнат да „работи“ (фамозни) 24/7.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Неам намера да продолжам да реплицирам на лица со посебни потреби како тебе.
СДСМ наместо да работи за општото добро, работи само да го одржи стабилно мнозинството во парламентот. Тука со ништо не се разликува од ДПМНЕ. Што променија/направија за оваа (скоро) година откако се на власт? Апсолутно ништо. Јас мислев дека после 11 години опозиција ќе дојдат со нови идеи и проекти со кои ќе направат одредени промени. Не само што нема промени туку во уште полоша состојба се наоѓа државава. А пожално е тоа што дискусијата во јавноста се движи во мизерна насока.

Па кога ќе видиш дека една од платформите им беше да се сопре загадувањето на (пред се’) Скопје, а на протестот против загадувањето немаше ниту еден активист на СДСМ (ни на ВМРО, која е лоша опозициска партија), тогаш многу јасно ти станува дека нема ни нешто да сменат на тоа поле. Прв чекор ќе бил метење на улиците! :facepalm:
Башка тоа што шарени кловнови седнаа во влада, наместо да ја платат фасадата која ја уништија. Не знам дали знаат, но во таа партија има и луѓе кои активно учествуваат повеќе од 2 децении и во истата вложуваа кога никој не сакаше ни денар да вложи! Ама затоа граѓанските активисти и пребеглиците одма во влада. Амчо кој го навредуваше Заев, па и Бранко, и тој под закрила! Каков заклучок да извлечеме од ова?

„Многу зборови, нула акција.“- нивната нова главна платформа. Јас искрено очекувам мала победа на СДСМ на следните парламентарни избори, не затоа што се добри, ниту затоа што моментално другите се уште полоши. :)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.423
Дисфункционална демократија.

................
Секое чудо за 3 дена, седум чуда за еден ден
Погледни го запад, политички сегде е исто. Бипартизам, игра помеѓу две големи коалиции кои доаѓаат на власт преку шпекулации тешки клевети и навреди, кои служат за предизборни цели и поминуваат недокажани и неказнети. Секоја прогресивна идеја бива претопена, исмејувана или криминализирана. Дневнополитичкиот популизам иде до крајни граници на патриотска деструктивност. Разликата меѓу нашата и нивната демократија е во тоа што кај нас е пресликана и поради внатрешнитепроблеми што ги имаме искарикирана до тој степен, да ова што се случува е смешно и може комотно после 30-40 години да се направи сапунска серија од комедија, попут black adder.

Све на све ова што се случува не е ништо поинакво од едноумието на комунизмот, кога во партијата имаше 2 струи (левица и десница) и се случуваа исти шалтања од една во друга струја.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.490
Поени од реакции
24.253
Наздравје... сакате да не постои државава, да се распадне, а пред нецела година викавте "УАА ГРУЈО" "ЌЕ СИ ЛЕЖИТЕ" "РЕЖИМ".... ако ви е гајле за земјава зошто скокавте како прле пред магаре ондак?

Лицемери
Па ти кажаја де, ти кажаја едно мал милион пати. Груевски и фамилијата да лежи во затвор. Еден дури јасно и недвосмислено си напиша дека ама ништо друго не го интересира , и држава и име и се само Груевски да заврши во затвор.
Незнам што не ти е јасно :toe:
 
Член од
21 јуни 2016
Мислења
1.934
Поени од реакции
2.068
После ова се надевам дека ќе пркнат трети партии, конкретно мислам за Левица. За кратко време дознавме дека сдсм е едно класично гомно од партија исто како и претходниците. Али чим Грујо го кутнавме за вие ќе биде piece of cake.
Ami ti neznaese deka SDSM e isto gomno od partija kako VMRO, SDSM ne e nova partija, sto mislis pred VMRO koj bese na vlast, pa tie SDSM ja iskradia cela drzava uste na pocetokot, go prodadoa cel drzaven imot so 99% popust,odnosno go ukradoa cel drzaven imot, site fabriki, tie ni go iskopaa grobot, pa zarem ne go gledavte na videoto Zaev kako gradonacalnik na Strumica kako bara potkup od 200000 evra, pa od takvo korumpirano gomno sto ocekuvavte osven da ja prodade cela drzava na kogo najde, go stavivte Juda za premier
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Погледни го запад, политички сегде е исто. Бипартизам, игра помеѓу две големи коалиции кои доаѓаат на власт преку шпекулации тешки клевети и навреди, кои служат за предизборни цели и поминуваат недокажани и неказнети. Секоја прогресивна идеја бива претопена, исмејувана или криминализирана. Дневнополитичкиот популизам иде до крајни граници на патриотска деструктивност. Разликата меѓу нашата и нивната демократија е во тоа што кај нас е пресликана и поради внатрешнитепроблеми што ги имаме искарикирана до тој степен, да ова што се случува е смешно и може комотно после 30-40 години да се направи сапунска серија од комедија, попут black adder.
На кого типуваш да биде Болдрик?

:icon_lol:

Многу сме далеку од тој Запад за да кажеш дека е исто, ептен многу. Сепак твое мислење си е и почитувам, agree to disagree.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.423
На кого типуваш да биде Болдрик?

:icon_lol:

Многу сме далеку од тој Запад за да кажеш дека е исто, ептен многу. Сепак твое мислење си е и почитувам, agree to disagree.
Па и комунизмот не бил сегде ист. Еве земи спореди ги Албанија, Бугарија и Југославија вовремето на комунизмот. Далеку биле они од нас... ама сепак исто уредување...
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Законов веќе е имплементиран у Поштата кај Џорче Петрови. Сите натписи на шалтер на шќиптарски, се погодив на шалтер кај шо работи македонец можда на тој другиот шалтер ќе требаше Тачивча Нони да употребувам.:LOL:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom