Гол популизам и ништо повеќе. Обичниот Албанец нема да види никаков аир од ваквиот закон. Како и кај нас и кај нив во недостиг на конкретни резултати се посегнува кон вакви популистички мерки кои единствено ги подгреваат меѓуетничките тензии и не носат добро за никого.
Уште пак некои медиуми се обидуваат да подвалат приказна од типот дека: законот го продлабочувал мултиетничкиот карактер на државата и служел како инструмент за забрзување кон евроатланските процеси. Каква бљувотина. Единствено што прави е го отвора патот кон бинационална држава и во иднина ќе служи само како извор на меѓуетнички тензии и конфликт, дистракција од битните работи во државата.
Економија, правично судство, образование, здравство, транспарентни медиуми, ефикасна јавна администрација, реално намалување на невработеноста, инвестиции во инфраструктура и енергетика, заштита на животна средина...тоа се работи од заеднички интерес за сите етникуми во оваа држава.
Џабе ви е вас и албански и македонски кога не знаеме да бекнеме ни едните ни другите и да ги побараме овие работи.