- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.591
Види сега, малку си ги помешал работите, нешто си разбрал а не си доразбрал. Инвазијата на НАТО врз тогашна се уште Ју немаше да се случи да не беше национализмот на Слобо, национализмот на кој сега ти повикуваш дека е единствено решение а е крајно детски и наивно да се повикува на практики од кои целиот регион ден денес не може да се опорави и поради кој илјадници луѓе изгинаа. Да не се надеваше Милошевиќ на помошта од Русија немаше да се сили толку врз НАТО. Тие вистина се надеваа на интервенција од страна на Русија но русите не беа будали во таква состојба да отпочнуваат трета светска војна заради Србите. Затоа ги оставија на цедило и тоа треба да биде поука за секој еден кој мисли дека Русија ќе се закрени и ќе почне војна со Западот заради нив. Пример нека ви бидат Србите, ден денес уште се занесуваат и ги прават истите грешки. Му дадоа авиони чиј ремонт за неколку години ќе кошта повеќе од нивната реална цена и истиот ремонт и пари за него ќе треба повторно да ги дадат на Русите. Доволно за тоа.Србите не побараа помош од Русите и затоа Русите не им помогнаа. Русија беше јака и тогаш но не како денес. И ако им побараа помош ќе ја добиеа. Криви се замите Срби.
Бугарите не се многу пред нас. Отиди на 15 дена, направи обиколка во другите градови освен Софија и види ги како живеат па после ќе правиме муабет за Бугарија.
Бугарија беше примена во еу за да Русија не ги земе на своја страна. Истото се случи и со Црна Гора, а со нас е тек трета прича. Нас сакаат да не уништат како држава (еу со чело на германија и англија и сад), додека Русија во оваа ситуација сака да не одбрани од агресивната еу и нато. Ако отидеме, а нема да отидеме во еу и нато со ова име, идентитет и држава, уште многу полошо ќе биде за нас. Што побрзо ги симнат од влас овие СДСШ, толку подобро за нас. А новово раководство на дпмНЕ ако е исто како претходното, боље нека оди уште од сега во Шутка. Нас ни треба некоја трета партија, независна од овие две, што ќе работи за државава и народот. Патриоти ни требаат нас. А не крадци и лажговци. Спас е само национализмот.
Бугарија е држава со огромна геостратегиска важност за НАТО и ЕУ, затоа и влезе во тие организации. Истото е и со Црна Гора и сите останати геостратешки битни точки за Западот. Ептен ја преценувате Русија. Русија никогаш не била во офанзива, секогаш играла дефанзивно. Ако не сте приметиле опколена е со држави членки на НАТО и ако беше толку моќна сигурно ќе направеше нешто по тоа прашање, а некако многу пасивна ми стои за толку силна држава.
И нашата геостратешка положба и важност ја преценувате. Битно е да влеземе во НАТО, меѓутоа НАТО ги има моментално затворено сите битни точки на Балканот кои се од стратешка важност.
Тоа дека нас Русија не бранела од Западот е во најмала рака смешно да се помисли. Ќе треба да пишувам до утре ако почнам да ги набројувам причините контра таквото мислење. Западот ако сакаше ние да не постоиме како држава тоа ќе го направеше уште многу одамна и на поинаков начин. Многу помоќни држави од нас од типот на Либија, Ирак, Египет, Украина беа демолирани. Видете што и се случува на Сирија па што остана за нас. Ние сме колку едно предградие во Пекинг, да сакаше Западот да не растури тоа одамна ќе се случеше. Ова што моментално се случува се поинакви игри. Русија во ниту еден момент нема да влезе во отворен конфликт со Западот поради нас, end of story.
Трета опција никад нема да се случи кај нас поради фактот што ниту една од актуелниве две најголеми партии кај нас нема да го дозволи тоа. Видовте што му се случи на Љубе Бошкоски на изборите пред 7-8 години кога му зема доста гласови на ВМРО и ги префрли на свое конто? Заврши во затвор и неговата партија колабира. Тоа ја чека секоја "трета" опција.
Ние немаме време да чекаме да се менуваат раководства во партиите и да се надеваме дека ќе се трефи некој асолен. 27 години поминаа и на народот му е доста од лажни ветувања и чекање на спасителот.
Последно уредено: