Tegla
Interista
- Член од
- 20 февруари 2012
- Мислења
- 5.120
- Поени од реакции
- 9.068
Има еден тон талентирани играчи во лигата кои едвај чекаат некој да им понуди подобар договор од екипи како Фиорентина, Аталанта, Удинезе кои се само фидер клубови. Мене ме нервира што фановите на Интер се задоволуваат само со ѕвезди како засилувања и не признаваат ниеден друг метод на градење на тимот. Демек ако го земеме Озил на грб ќе не носи самиот.На Озил понуди му 5 годишен договор со над 10 мил годишно и ќе видиш дали нема да прифати. Јувентус им нуди поголеми плати на ваквите играчи, а ние сакаме за 0 и за пониска плата oд 3 мил. Демек во Арсенал овие две сезони има поголеми амбиции и игра ЛШ, само што не менуваат тренер. Да беа во Италија досега 10 тренери ќе сменеа.
Колашинац летото беше договорен со нас и во последен момент Арсенал го собра и му понуди дупло поголема плата.
Мора сите слаби алки да се одстранат, мислам на играчи кои недопринесуваат и само зафаќаат позиции. Немора тоа да се скапи засилувања, нека се паметни купувања како Шкриниар, Валеро, Икарди, Банега и слични за кои клубот не фркнал 40 мил по играч а сепак направиле разлика и го засилиле тимот.
Најсвеж пример ни е Милан од летоска, потроши премногу пари а не постигна никаков ефект.