Плавите жолтици не се баш љубители на референдуми, и воопшто не ни спомнуваат дека планираат да организираат референдум за менување на уставното име на Македонија.
Како и да е, за менување на Уставот потребно е двотретинско мнозинство, што значи дека и пвеводбениците ќе треба да гласаат во корист на менувањето на уставното име.
Можеби тука настапува СЈО прифаќајќи ги ниските затворски казни за пвеводбениците, па не поднесува жалби на пресудите бидејќи пвеводбениците во замена за слобода имаат ветено поддршка за двотретинско мнозинство во парламентот за менување на уставното име на Македонија.
Не за џабе се вели:
Кога повеќето - ако не и сите - криминални банди се согласуваат и наоѓаат заеднички јазик, народот е губитникот.
Најдоа заеднички јазик во 2001 година за менување на Уставот и за амнестирање на терористите, па можеби се подготвуваат да најдат заеднички јазик и во 2018 година.
Сметаш дека на Кумовите во мафијашката држава им е проблем промената на името?
Чисто се сомневам, само знаат дека е тоа премноогу и е чисто Велепредавство, после тоа нема реахабилитација и не може да продолжи арамилукот, затоа се оди на Референдум, да се префрли топката кај народот, пошто нив ги боли срцето за Македонија
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
Јасно дека им вршат притисок за промената да се случи во Собрание, дали се толкави амеби ќе видиме, коа им велат како на стадо оФци гласај, ништо чудно.
А ти до кога планираш вака да се инаетиме со ѓупците за Александар? И дали пред да дојде паторот на власт имаше чуено за „воинот на коњ“? Таа „екипа“ (што ви го внесе воинот на коњ у вените) не ти личеше дека била у тренинг-камп у Северна Кореја?
Прво еден лаконски одговор за тоа што е цитирано е прифатливо за тебе, пошто за мене не доаѓа во предвид, кој знае може сме на иста страна, да или не?
Сеа кога сме кај пропаганда, тие со воинот на коњ сум сигурен дека нешто посовремено имаат пројдено, тоа севернокорејски школи се за тие шо повеќе од пола век се бореа против врховисти и балисти, ете сеа се први другарчиња со тие шо ги пропагираат тие идеи, може да се каже и партнери во реализацијата на нивните истите, пошто нели се анационални.
Еве линк за издавање наредби за оперативна обработка по линија врховизам и ванчомихајловизам,
https://www.dropbox.com/s/f8z0rz1vrfelvnc/ljubomir_frckovski.pdf
нека ми објасни некој сега како тоа после Ванчо Михајлов, идејата за Швајцарија на Балканите доаѓа токму од овие редови?
Реал политика? Не би рекол.
Сега шо се однесува до воинот на коњ, лично до мене слободно може да се дислоцира, еве нека го стават на истата локција каде првично е пронајдена кутијата со Сонцето од Вергина, ама лошо е шо таму мноизнството се луѓе кои се разбираат со мене одлично во меѓусебна комуникација, иако имињата од Павле автоматски грчката фашистичка држава им ги менува во Павлос, Вангел во Вангерли итн до апсурдност.
Може Борјан Јовановски како докажан борец за слобода и демократија да направи една репортажа за тие луѓе, нека го земе и Кумуцакос да му преведува
Слободно може и паметникот на Ќосето да се дислоцира, и онака не му местото пред судот.
Ми пречи т.н антиквизација меѓутоа до одреден степен, не сум испран мозок кој смета дека постоиме од `45.
Од друга страна пак, не гледам проблем со името, во секоја релевантна литература со додавањето Античка на Македонија се прави целосна и јасна дистинкција, исто како што е случај со Античка и модерна Грција, само шо тука нема проблем, затоа шо политички е создадено сево ова, англосаксонската политика си е доследна на одлуките.
Има некој претстава како изгледал тој антички македонски јазик?
Културно биле асимилирани од Хеленската култура меѓутоа сепак засебен народ, прилично примитивен во според со хелените, и сеа шу праиме?
За егзодусот на народот во Беломорска, Егејска Македонија има некој смелост да отвори тема, да видме нашите “пријатели“ шо правеле тогаш и како тоа шо го прават сега е само доследност на одлуките донесени во минатото?
Ден денес фашистичка политика водат грците кон тој народ таму, чии топоними менуваа?
И после егзодусот на македонците од Егејот, до денес фашистичката политика на јунанистанците кон тие луѓе продолжува, ова се е едноставно апсурдно, ама пак нас нашите „пријатели“ не сметаат за македнски синдром, нема ништо чудно.
Еве и договорот со Бугарија ептен е делотворен гледаме, каков дипломатски потег чудо едно, или требаше да се плати долгот за логистиката од бугарските служби?
После потпишувањето на истиот веднаш се вмешаа во спорот со името, Северна и Горна не им одговарало, дипломатска офанзива за бугаризација на македонското малцинство во Егејот и Голо Брдо, ова се случајности се...
Уште и законот за двојазичност да се земе во предвид и што тоа значи, систематски ја продолжуваат политиката само сега на еден посовремен, поелегантен начин.
Апсурдно е едноставно,