Само за вегетаријанци (вегетеријански рецепти)

  • Креатор на темата Креатор на темата ViRuS
  • Време на започнување Време на започнување
Од мастите конзумирам само домашно производство тоа што имам сезонски, годинава има лешници за цела зима и ореви, али оревите многу слабо годинава се покажаја, така да за замена бадеми земам.
Инаку ова rice bran не ти е лоша идеја да се проба да се види што има да кажи. Го проба ти?
 
Од мастите конзумирам само домашно производство тоа што имам сезонски, годинава има лешници за цела зима и ореви, али оревите многу слабо годинава се покажаја, така да за замена бадеми земам.
Инаку ова rice bran не ти е лоша идеја да се проба да се види што има да кажи. Го проба ти?

Да , многу многу вкусно, замисли си вкус на сутлијаш поготово водата измешана со млекото, измешан со nutty арома :love:

За мастите, имаш во Виола наше производство многу вкусни семки од тиква, сусам интегрален и соногчоглед, ефтини и нутритивни бомби исто како и оризовото брашно. Практично во него имаш 15-20% маст, така да ете ти го и тој проблем решен ако не сакаш семиња и јатки. Додека да го порачаш имај во предвид дека ако не внесуваш доволно масти, на долг рок може да имаш проблем - секако протеините на веган диета се на релативно ниско ниво па уште и масти ако не внесуваш не е добро, не знам јас со таква храна немам енергија, мора масти.

П.С. Брашното повеќе би одговарало за благи него за солени работи, таков вкус има, во комбинација со цејлонски цимет, мелени ораси, мед, малце суви сливи - и добиваш топ десерт.
 
Научно е докажано дека и зелката, марулата, травата, оревот, лешникот, бадемот, бананата имаат чуства.

Убијци.
 
Абе сакам јаткасти али купувам бадем само, и ако начекам нешто друго али ете во Виола не сум бил досега, а дома ти кажувам што имам од двор собрано се околу 6 вреќи од по 10 кила. Инаку обожавам јаткасти ствари и умерено нивно конзумирање нормално. Медот го конзумирам и мариовски и еден другар од Кавардарци ми носи негов.
 
Моите веган американски "Килиманџаро" палачинки.
Направени со ладно цедено кокосово масло, кокосово млеко, еднаков сооднос на брашно од ориз и `ржано брашно, сода бикарбона, прашок за пециво, малку сол, малку ванила екстракт. Топинзите се банана, круша, вишни, мед, мелени лешници и цели лешници. Оваа порција ја јадев на два пати односно еден појадок и еден десерт. Превкусни се, доста доминира кокосот, во вкусот на самата палачинка, али во тој момент имав само такво млеко инаку може и бадемово или оризово или билокакво од растително потекло.
Vegan Kilimanjaro pancakes1.jpg Vegan Kilimanjaro pancakes2.jpg
 
Еден од моите класици и омилени бургери од грав, сварив поголема количина што си ја замрзнав откако ги испеков.
Сварен грав, мелен `ржан овес (замена за брашно), 4-5 чешниња лукче на преса, хималајска сол, бибер, мелен ким, јенибар, мелен коријандер, сушен магдонос, малку гарам масала, црвена пипер, куркума, морско оревче, се печат на хартија околу 15мин на 200 степени, над нив малку сончоглед и семки од тиква и попрскав со сув рузмарин. Топинзи, марула, сенф, салата од кељ, закиселен црвен кромид, кисели крставички и тахини над самите бургери. Брзи вкусни и едноставни, е сега во моментов лебчето ни квари просек, али немав друга опција во моментот, инаку може и без лебче само сервирано со многу салати и додатоци е многу вкусно.

Bean-burgers-lunch2 web.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom