Не знаев како да го изгуглам проблемов на англиски пошто ми искачаат неповрзани решенија.
Значи имам Ј5 2016, го апдејтирав на 7.0 пред 2-3 недели. Најпрво си работеше одлично, без никакви сецкања и кочење. За нова година бев во странство и кочеа апликациите кои зафаќаат повеќе меморија, но си викав да не е од хотелското вифи тоа.
Овие 2 дена кочи постојано кога ќе треба да се пушти видео, гиф или слична „анимација“ на фејсбук, инстаграм, видеата на YT не ги пушта воопшто, заглавува дури и на хром. Причина? Решение?