Смешни ми се паралелите Македонија - Европа/САД на темава. Мислам дека луѓето што сметаат дека идеолошката борба од Европа/САД се пресликува/прелева и во РМ, не живеат во реалноста. Во РМ (1991-денес) никогаш не постоеле идеолошки борби, па ниту последната и најголемата политичка криза не беше производ на идеолошки несогласувања и сл.
Тоа што на секое менување на власта имаме максимален пресврт покажува дека гласачкото тело во Македонија е политички неписмено и идеолошки неопределено. Луѓето гласаат стихиски, а не поради политички уверувања или идеолошки светоглед. Електоратот во РМ или гласа ПРОТИВ некого, или е воден од медиумската пропаганда, социјалната демагогија итн., или е комбинација од двете. Ниедна политичка партија не може да се надева на/осигура некој стабилен гласачки блок кој до вчера гласаше за десницата, денес гласа за центарот, утре можеби ќе гласа за фашисти или комунисти. Сѐ се сведува на опортунизам, згаденост од некого и медиумска пропаганда.
Победата на ДПМНЕ и ДА во 1998 г. е комбинација од лаги (милијардата на Тајван) и згаденост од приватизацијата и криминалот на Бранко и СДСМ. Катастрофалниот пораз на ДПМНЕ во 2002 г. се должи на тоталната неспособност да се управува со државата. Победата на Груевски во 2006 г. е комбинација од лаги и идиотизмот на Бучковски. Во 2016 г. СДСМ тенко ги добива изборите затоа што сѐ уште постои несигурност и страв кај луѓето околу репресивниот апарат на ДПМНЕ, меѓутоа откако за кусо време е урнат митот за ДПМНЕ, Грујо и Мијалков, СДСМ ги гази на локалните.
Личности со екстремни идеологии во РМ се тешки маргиналци и следствено на тоа, дискутирање за потенцијалот на екстремните идеологии во политиката во РМ е ништо друго освен губење време...